Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи Данела Арсовска за градоначалник на Скопје

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи Данела Арсовска за градоначалник на Скопје, изјави лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
Арсовска претходно најави дека ќе настапи како независна кандидатка на локалните избори во октомври.
„Избравме решение кое обединува, решение кое натпартиски ќе обезбеди компетентни луѓе. Токму затоа Извршниот комитет, а потоа и Централниот комитет донесоа одлука ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржи Данела Арсовска. Личност со импозантна биографија, докажани успеси во стопанството, жена која го предводи Сојузот на стопански комори“, рече Мицкоски.
Тој рече дека Извршниот комитет донел одлука за уште десеттина кандидати за градоначалници на општини, но имињата ќе бидат соопштени утре.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.