Македонија
(Видео) Во затворот „Идризово“ се бара кревет плус, управата плаќа 200 денари пансион по затвореник
Директорот на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски, бара од институциите да се размрдаат за условите во установата да бидат подобри како за вработените, така и за затворениците. Смета дека можно е да дојде до колапс на затворот ако се продолжи вака.
„Фалат кревети, душеци, прекривки. Јас кога дојдов имавме голем број на осудени лица кои спиеја во ходници. Таа бројка ја доведовме до минимум. Сепак, немаме простор каде да ги сместиме, па мораме во ходници. До толку е лошо“, вели Јовановски во интервју за „Макфакс“.
View this post on Instagram
Прашан дали добиваат храна, вели: „Да, добиваат. И тој фамозен тендер кој го кажуваа во јавноста со милионски суми, кога ќе се подели по бројот на денови и затвореници, излегува околу 200 денари за доручек, ручек и вечера за затвореник“, посочува директорот.
Иако нема слободен душек и се спие по ходници, Јовановски не слушнал дека имало тепачка за соба.
„Тоа е, таа е вистината, јас не можам да ја сокријам вистината“, додава тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

