Македонија
(Видео) Во Охрид затворен угостителски објект, затекнати Русинки и Украинки кои работеле на црно

Сопственик на угостителски објект во Охрид заработи кривични пријави бидејќи синоќа работел по 18 часот и покрај тоа што претходно му била ставена пломба од страна на Државен пазарен инспекторат, а овојпат внатре биле затечени сопственикот, четири лица од персоналот, 18 гости и 11 странски државјанки од Русија и Украина.
Странските државјанки ќе бидат спроведени пред Судија за претходна постапка оти биле без регуларен престој во државата и без работна дозвола, информира МВР.
При претресот, извршен со наредба на судија, пронајдени се и одземени поголема количина на парични средства сместени во посебни нумерирани кутии, мобилни телефони и техниката за видео надзор.
Од полицијата информираат дека приведени се сопственикот и сите лица затекнати во објектот.
Од страна на Државниот пазарен инспекторат угостителскиот објект во Охрид повторно е пломбиран и има забрана за вршење на дејност во времетраење од 30 дена, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава и за претходното кривично дело – оштетување и кинење на пломба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.