Контакт

Македонија

(Видео) Во предметот „Плацови на Водно”, Никола Груевски доби седум години затвор, Сашо Мијалков една година и 3 месеци, Камчев една година затвор

Објавено пред

Во предметот „Плацови на Водно“ експремиерот и бегалец Никола Груевски е осуден на седум години затвор, како и на парична казна од 3.500 евра. Неговиот братучед и ексдиректор на УБК Сашо Мијалков доби една година и 3 месеци. Ристо Новачевски, кој е кум на Груевски, е осуден на условна казна, која ќе биде затвор во траење од две години, ако во наредните пет години не стори ново кривично дело. Бизнисменот Ненад Јосифовиќ исто така доби условна казна и ако во наредните пет години не стори ново кривично дело нема да одлежи две години затвор. Бизнисменот Јордан (Орце) Камчев доби една година затвор. Ратка Куновска-Камчева, која беше гонета, не е осудена, бидејќи застаре делото за кое обвинителката Лиле Стефанова ја товареше.

dobivaj vesti na viber

Судењето траеше девет месеци. Судијата Илија Трпков кажа дека бавната правда е делумна правда и додаде: „Оттаму со право граѓаните очекуваат квалитетно, ефикасно и брзо завршување на постапките, бидејќи тоа е единствениот начин да се постигне специјална и генерална превенција. Имаше обвинувања од одбраната дека предметот се суди со голема брзина, но тоа беше во интерес на обвинетите особено што дел од нив беа во притвор. Пред јавноста ќе презентираме Белизе-шема која произлезе од доказите, а на која судот ѝ подари верба“.

Тој кажа дека очекувал обвинетите, сега првостепено осудени, да изразат каење, кога веќе одлучиле да не признаат вина. Груевски се гонеше дека зел еден милион од партијата ВМРО-ДПМНЕ, кои симпатизери ги донирале во партијата.

„На Груевски му биле потребни парични средства, одлучил да ги присвои партиските средства донирани од симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. За начинот на финансирање на партијата посведочи Гордана Јанкуловска, која била генерален секретар. Таа наведе дека партијата била со блокирана сметка, а партијата функционирала со донации. Кажа дека не се евидентирале сите средства, само на дел од лицата им била издавана каса-прими. И Мартин Протуѓер потврди дека во партијата имало сеф со документација, но и финансиски средства. Како течела испораката на парите од општинските комитети до централата, кажа Влатко Чинговски, кој бил курир. Мирослав Симјановски, кој донирал 100.000 евра, потенцираше дека никогаш не донирал толку пари, бидејќи не поседувал ни толкави пари. Драган Огњановски просведочи дека донирал 300.000 денари, по барање на Коце Трајановски, кој му ветил дека кога ќе дојдат на власт немал да има проблем со неговата фирма. Парите ѝ ги предал на Гордана Јанкуловска. Обвинителството  достави докази до судот дека Груевски примал износ од 88.000 денари. Неговата сопруга примала износ од 60.000 денари. Во Анткетниот лист не е пријавен недвижен имот чија значителна вредност ги надминува. Груевски не примал други пари. Од постапката се утврди за кого се купувани земјиштето и становите. Одбраната не достави докази дека тоа не е така. Откако се изведоа доказите во постапката, а јавноста слушна како се зеле парите на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, но и на оние кои биле уценувани да дадат донации, очекував дека сите обвинети ќе признаат вина, или ако не признаат вина дека ќе покажат искрено каење. Не можам да не искоментирам како е можно да се брани со теза дека Алек Теранова преку секретарката ги купил за него. Ова дотолку повеќе што на влезот од зградата имало обезбедување, па сега некој би сакал да купи станови за да ги сокрие од неговата сопруга, токму врата до врата со Груевски. Сашо Мијалков неспорно е дека контактира со Ненад Јосифовиќ. Неспорно е дека контактирал со Алек Теранова, со Јордан Камчев и Мето Стојчевски. Дејствијата на Ристо Новачевски нема да ги коментирам, бидејќи не ги негираше. Ниту Јордан Камчев не ги негираше делата за кои се гони, туку ја негираше правната квалификација“, додаде Трпков.

Се осврна и на одбраната што ја даваше адвокатот на Груевски. Според Трпков, првично тој докажувал дека немал контакт со Камчев и дека биле во лоши односи, за потоа, откако излегоа аудиоснимки, да се потврди спротивното.

„Нелогично е зошто на крајот од постапката одбраната на Груевски си ја сруши својата теорија, со тоа што приложи дека Јордан Камчев и Никола Груевски разговарале. Суштината на перењето пари е да се скрие потеклото на валканите пари. Најефикасниот начин за откривање е со следење на патот на парите. На шемата се гледа како парите одат до Белизе па преку Стопанска банка АД Битола се враќаат во РС Македонија. Најбитно е обвинетите за кои ќе се докаже дека го сториле кривичното дело да бидат осудени, а тоа што незаконски го стекнале, да не остане во нивно владение. Треба да се прати порака дека никој ама баш никој нема да биде поштеден од лицето на правдата, како и дека од секого ќе биде конфискувано што е нелегално стекнато ќе биде вратено на граѓаните“, додаде Трпков.

Експремиерот и бегалец Никола Груевски е првообвинет за перење пари и противправно стекнување и прикривање на имот. Тој во неколку наврати преку социјалните мрежи од Будимпешта се жалеше дека сите обвинети кои сведочеле против него, тоа го правеле затоа што биле уценети. Неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за кривично дело перење пари, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело.

Обвинителката Лиле Стефанова  побара од судијата Илија Трпков  да му изрече највисока казна на Никола Груевски, а за обвинетиот Сашо Мијалков казната да биде повисока од предвидената. Побарана е и конфискација на становите, за кои сведок тврдеше дека се на Груевски, а не се запишани како негова сопственост. Стефанова за Ристо Новачевски побара обвинетиот да биде условно казнет, додека за обвинетите Ненад Јосифовиќ и Јордан Камчев, обвинителката Стефанова побара минимални казни. Сите негираа вина. Во завршните зборови обвинителката Стефанова наведе дека го повлекува обвинението за Ратка Камчева, на која ѝ застаре делото за кое се гонеше.

Случајот „Плацови на Водно“ стана познат во јавноста пред точно седум години, односно во март 2015 година, кога одекнаа снимките на тогашната опозиција СДСМ за тоа како блиски лица до тогашниот премиер Никола Груевски планирале да купат атрактивното земјиште од илјадници квадратни километри, каде меѓудругото има и преубава шума.

Според документите од катастарот, три фирми ги имаа во раце атрактивните локации – фамозната компанија Ексико ДООЕЛ, КАРА и Сирах инижинеринг.

Името на Груевски не фигурираше никаде во оваа шема. Ниту, пак, името на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков. Единствена фирма која ѝ беше тогаш позната на јавноста е КАРА – компанија на семејството Камчеви.

Вредното земјиште беше составено од 6 парцели од вкупно 17 илјади квадратни метри. Секоја од фирмите поседуваше по 2 парцели, но најмногу имаше Сирах инжинеринг.

Но тука не заврши сè. Обвинителството во октомври годинава отвори нова истрага, за други плацови на Водно, кои се наоѓаат во близина на Шестата управа – фирмите се исти, повторно во игра се многу пари, ликовите се исти. Овој пат, сите плацови припаѓаат на фирмата Сирах инжинеринг.

Според обвинителството, плацовите на Водно кај Шестата управа се платени 1,3 милион евра, пари од донации од фирми и членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои наместо да ги внесе во партиската каса, Груевски ги инвестирал во земјиштето на Водно. Во сето ова, тој не бил сам.

Обвинителката Лиле Стефанова докажуваше дека парцелите се купувани во време кога тие сè уште се водат како шума, а во 2012 година се менува Генералниот урбанистички план и тие се пренаменуваат во градежно земјиште, па така расте и нивната цена. Во 2013 година, на скандалозната седница во Општината Центар, случај познат како „Насилство во Општина Центар“ или „Шлаканици во Општина Центар“, се менува и Деталниот урбанистички план.

Според обвинителството, Мијалков како второосомничен, иако знаел дека парите се прибавени со кривично дело, стапил во контакт со сопственикот на фирмата во Белизе и побарал документацијата, печатите и жиро-сметката да му бидат дадени на располагање.

Новачевски, според обвинителството, во својство на управител на „Сирах“ извршил плаќање кон сопствениците на земјиштето, со што бил прикриен изворот на парите и вистинскиот сопственик на вредното земјиште со вкупна површина од 11 илјади квадратни метри.

Тој понатаму ја пренесува сопственоста на друго правно лице, во случајов на фирмите поврзани со Камчеви, кои понатаму ја преименуваат фирмата за да се изгуби трагата на вистинскиот сопственик.

Македонија

Тополова-Исајловска: Криминалот врз културното наследство остава трајни последици

Објавено пред

Јавното обвинителство е една од клучните институции-потписнички на двата меморандуми за разбирање, чија цел е зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина.

dobivaj vesti na viber

Настанот го означи успешното завршување на твининг проектот помеѓу Италија и Република Северна Македонија,финансиран од Европската Унија со средства од Инструментот за претпристапна помош – ИПА.

“Кривичните дела во овие области се карактеризираат со високо ниво на сложеност. Тие често вклучуваат организирани структури, прекугранични активности, финансиски интереси и значителна материјална штета. Последиците од ваквите дела, за разлика од други форми на криминал, во голем дел се трајни – уништеното културно добро или деградираната животна средина речиси никогаш не можат целосно да се обноват. Затоа, покрај националните механизми, од суштинско значење се и инструментите на меѓународна правна помош, размената на информации и оперативната соработка, како со институциите од регионот, така и со институциите од Европската Унија”, истакна при потпишувањето на меморандумите В.Д. Јавниот обвинител, Анита Тополова Исајловска.

Целта на проектот, во чија реализација беа вклучени италијанските Карабинери со специјална експертиза, беше зајакнување на националните капацитети за спречување, истражување и борба против кривични дела поврзани со културното наследство и животната средина во согласност со стандардите и најдобрите практики на ЕУ.

Меѓуинституционалната соработка беше зајакната преку структурирани механизми за координација, што резултираше со потпишување на двата Меморандуми за разбирање со кои се воспоставуваат национални мултиинституционални платформи за заедничко дејствување против криминалот со културното наследство и животната средина.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија на ниво на Буркина Фасо и Танзанија според Транспаренси

Објавено пред

СДСМ обвини дека корупцијата во Македонија „цвета“, повикувајќи се на Извештајот на Транспаренси за 2025 година, според кој, како што наведуваат, земјата е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија.

dobivaj vesti na viber

Од партијата тврдат дека граѓаните „секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“.

Во соопштението се наведува дека „161 тендер се доделени на една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма само со двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“.

СДСМ ги споменува и петте тони дрога преку граница, оценувајќи дека се случил „најголемиот нарко-скандал во регионот со дрога од Македонија која била шверцувана во Србија“.

Според партијата, „наместо реформи во правосудството, власта презема целосна контрола врз судството и обвинителството и носи закони кои не се согласно препораките на ЕУ“.

„Нема борба против криминалот и корупцијата туку има обиди за заштита на криминалците од врвот на власта“, наведуваат од СДСМ.

Во соопштението се додава дека „сè тоа ја става Македонија во групата на земји како Буркина Фасо и Танзанија, според Извештајот на Транспаренси за 2025 година“.

 

„Македонија го има својот Мадуро кој ја води земјата кон намерна изолација од ЕУ за може слободно да се спроведува грабежот зад грбот на граѓаните“, додава СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) СДСМ ја напушти седницата откако предлогот за минимална плата од 600 евра не се најде на дневен ред

Објавено пред

Пратениците на СДСМ ја напуштија седницата во Собранието откако владејачкото мнозинство одби предлог-законот за минимална плата да биде ставен на дневен ред. Во меѓувреме пред Собранието се одвиваше блокадата организирана од Сојузот на синдикати за зголемување на минималната плата на 600 евра и на другите плати за 100 евра.

dobivaj vesti na viber

„Не може моето право како координатор или пратеник од опозицијата да е послабо од правото на кој било пратеник на власта“, нагласи координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, повикувајќи го претседателот на Собранието, Африм Гаши, да образложи зошто предлогот за зголемување на минималната плата не се стави на гласање, и пред пратениците, и пред граѓаните кои го блокираа Собранието.

Спасовски појасни дека СДСМ го поднел предлогот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата на 31 јануари, со што бил исполнет условот точките поднесени до крајот на минатиот месец да бидат ставени на седницата.

„Дополнувањето односно поправањето на текстот, според собранискиот Деловник, не значи повторно поднесување“, рече Спсовски. Според него, барањето на синдикатите минималната плата да се зголеми на 600 евра или 36.960 денари е реална основа и постои можност за обезбедување финансиски средства.

„Има можност, само треба политичка волја да се излезе на барањето на работниците“, додаде Спасовски, потсетувајќи дека кога владата на СДСМ го почнала мандатот, минималната плата била 8.600 денари, а кога завршил 22.400 денари.

СДСМ остро реагираше на одлуката на претседателот на Собранието, истакнувајќи дека постапката создава двојни стандарди.

„Не може да имате двојни стандарди во однос на поднесување на законски текстови. Ако ги извадите стенограмите, ќе видите на колку седници реагирам дека се ставаат на дневен ред предлози доставени до почетокот на седницата, но само ако предлогот е од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Спасовски.

По едночасовната пауза, пратеничката група на СДСМ одлучи да не учествува во продолжението на седницата, нагласувајќи дека „оваа пракса уште повеќе го руши дигнитетот на Собранието и ги става пратениците во подредена улога едни наспроти други“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија6 часа

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија8 часа

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија8 часа

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија8 часа

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија9 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет9 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија11 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија11 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија11 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет11 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет13 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет13 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет13 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа14 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет14 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет14 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...