Македонија
(Видео) Вучиќ за Македонија: Среќен ви пат во НАТО! Ние не сакаме
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, повеќе од 1 час одговараше на новинарски прашања по првиот панел од Белградскиот безбедносен форум, кој осма година по ред се одржува во српскиот главен град.
На прашање на „Макфакс“ дали на Србија ѝ значи од безбедносен аспект идното членство на Македонија во НАТО, имајќи ги предвид преговорите со Приштина, Вучиќ беше дециден дека ним тоа ништо не им значи. „Среќен ви пат во НАТО, ние не сакаме. Мене вашиот пат во НАТО не ми значи ништо.“
Вучиќ рече дека му е драго што има присутни новинари од Македонија на Белградскиот безбедносен форум и праша дали добро се чувствуваат, зашто и тој секогаш кога доаѓал во Македонија се чувствувал добро.
Тој беше изненаден од прашање на новинар кој го праша дали синоќа имале средба со раководството на Српската напредна партија и потврди дека се сретнале, но не одговори прецизно дали се договорени нови предвремени избори во Србија. „Редовните избори се 2020 година, но ако биде голем притисокот и ако луѓето сакаат избори, бидејќи народот многу ги сака, не можам сосема да ја исклучам можноста да им излеземе во пресрет на тие кои тоа го сакаат“, рече Вучиќ.
На првиот утрински панел, Вучиќ говореше заедно со австрискиот претседател, Александер Ван Дер Белен, за предизвиците од членството во Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

