Македонија
(Видео) Георгиевска: ВМРО-ДПМНЕ сака уставна криза, тоа СДСМ нема да го дозволи

„Најавата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за моја интерпелација како претседателката на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата е ништо друго, освен обид за прикривање на нивната вистинска намера, а тоа е да се предизвика уставна криза во државата“, изјави Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.
„Јас како претседателката на Комисијата го известив претседателот на Собранието дека за двајца предложени кандидати за уставни судии телото веќе со мнозинство гласови има изгласано двајца кандидати за уставни судии и дека тие може да продолжат во понатамошна постапка“, рече Георгиевска.
Таа напомена дека „во Комисијата се води дискусија или расправа за секого поединечно и исто така за секој предлог посебно се гласа. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со месеци намерно го одолжуваат изборот на уставните судии, што е само доказ дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во ова Собрание го докажуваат тоа што постојано го прават, кочење, блокирање и поттикнување каква било криза“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кисела Вода и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· поради уличен дефект ф 300 мм на улицата Борис Трајковки бр.73, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Борис Трајковски краците 7, 9 и 11 и дел од улицата Борис Трајковски од 09:00 часот до завршување, општина Кисела Вода;
· поради уличен дефект ф 80 мм на улицата Луј Пастер бр.3, прекинато водоснабување ќе имаат корисниците на дел од улицата Луј Пастер и дел од Кино Култура од 09:00 часот до завршување, општина Центар.
Македонија
Делови од Бутел, Аеродром и Чучер Сандево денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.30 часот, корисниците од улица 19, Радишани, општина Бутел;
– во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од улицата Tодор Чангов 51,53, улицата Ѓорѓи Карев, улицата Димитар Илиевски Мурато, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 13.30 часот, дел од корисниците од село Бразда во близина на ресторан Рибилмус, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 13.00 до 14.00 часот, корисниците од улица 42, Радишани, општина Бутел.
Македонија
Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце, извести АМСМ.
Сообраќајот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка од 06 часот е нормализиран во двата правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.