Македонија
Претседателот Пендаровски ги прими средношколците, кои освоија награди на 4. балканска олимпијада во физика
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими учениците што освоија награди на 4. Балканска олимпијада во физика што се одржа во хибриден формат од 7 до 9 октомври во Кипар.
Тројцата средношколци Јан Стојановски, Матеј Гелев и Емилија Николовска на оваа олимпијада освоија златен, сребрен и бронзен медал, како и специјална награда за најдобар постигнат резултат на олимпијадата во конкуренција на натпреварувачки, а на Матеа Митревска ѝ беше доделена пофалница за успешно учество.
На средбата присуствуваа и дел од учесниците на 52. меѓународна олимпијада по физика, што се одржа од 10 до 17 јули годинава, каде што нашите олимпијците освоија еден бронзен медал и три пофалници.
Претседателот Пендаровски им честита на учениците за постигнатите успеси и освоениот златен медал, што претставува досега најголем средношколски успех на нашата земја на меѓународна олимпијада.
Воедно, претседателот ги охрабри учениците да продолжат да вложуваат во своите теоретски и практични знаења посочувајќи дека ваквите достигнувања треба да бидат вреднувани и да претставуваат мотив и инспирација за учениците да се занимаваат со природните науки како перспективни и значајни области за севкупниот развој.
На средбата претседателот го поздрави и ангажманот на професорите од Институтот за физика и Природно-математичкиот факултет, членови на Друштвото на физичарите, кои со своите залагања придонесуваат за промоција на физиката во Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одбиена тужбата на „Европскиот фронт“ за избирачкото место во Долнени
Управниот суд ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1470 во Долнени на Парламентарните избори 2024.
„Европскиот фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024.
Досега Управниот суд ja одби како неоснована и тужбата за избирачкото место 1194, во Општина Крушево.
Македонија
Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот спор за името меѓу двата соседа, ќе ги загрози амбициите на балканската земја за членство во ЕУ, пишува грчки „Катимерини“
Говорејќи од градот Верија во северна Грција за време на неговата кампања пред изборите за Европскиот парламент во јуни, Мицотакис изјави дека трите меморандуми за разбирање поврзани со договорот од 2018 година нема да бидат ратификувани од Парламентот се додека новото раководство во Скопје продолжи со прекршување на договорот.
„Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да бидат ратификувани освен ако не се почитува она што го предвидува договорот“, рече тој.
Македонија
Европски фронт: Скандалозен јавен политички притисок врз Управниот суд од страна на поразените на изборите
Европскиот фронт со голема загриженост ги проследи денешните скандалозни заканувачки изјави на лидерите на опозицијата кои загубија на претседателските и парламентарните избори кон Управниот суд, соопштија од оваа партија.
Европскиот фронт, како што велат, ги регистрирал заканитеи ја известил целата меѓународна заедница и сите локални и меѓународни институции за јавните изјави со закани како и обидот за изборен инженеринг со надворешно-институционални меѓупартиски договори за гласање и надгласување во Државната изборна комисија, како и со партиски притисоци до управниот суд.
Според нив, таквиот обид за изборен инженеринг има за цел да го промени односот на бројките во Собранието преку политички договор на маса.
„Со политички договори и монструозен антидемократски план, изготвен во партиските штабови на ВМРО, СДСМ и Влен, се прави обид да се наруши волјата на граѓаните.
Седницата на Државната изборна комисија беше скандалозна демонстрација на прегласување и суспендирање на принципите на Охридскиот договор.
Ги повикуваме сите институции да постапат согласно Законот, без партиски или политички директиви од која било партија и да го заштитат кредибилитетот на изборниот процес до крај, без да се стави никаква дамка на волјата на граѓаните изразена на изборите“, реагираат од Европскиот фронт.