Македонија
(Видео) Георгиевски: На 1 септември со свечена приредба ќе ги пречекаме првачињата
Градоначалникот на Гази Баба заедно со неговиот тим организирал настан по повод почнувањето на образовниот процес за сите првачиња што ќе учат во основни училишта на територијата на Гази Баба.
Борис Георгиевски, градоначалникот на општина Гази Баба, вели дека ваков настан организираат првпат, а нивната цел била да им посакаат среќа во една нова етапа од нивниот живот кога од деца без грижи, треба да станат одговорни ученици.
„Манифестацијата е наменета за 760 првачиња, а ќе има и богата програма проследена со музика, танцување, игра и анимација, во која ќе учествуваат и првачињата. Затоа, ги поканувам сите родители да ги донесат своите деца кои ќе бидат идни првачиња за заедно да го одбележиме почетокот на учебната година“, изјави Георгиевски.
Градоначалникот на општина Гази Баба додаде дека од особено значење е тоа дека сите училишта на територијата на Гази Баба се подготвени за почеток на новата учебна година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

