Македонија
(Видео) Гинов: Во ниту еден момент не е доведено во прашање водоснабдувањето на Битола
Изнесени се опасни лаги и манипулации од партиска говорница на една политичка партија, дека „ќе секнат чешмите во Битола“ и сакам јавно да побарам од советничката од СДСМ Мирјана Захариевска Ралевска да им се извини на битолчани и одговорно тврдам дека во ниту еден момент водоснабдувањето на Битола не е и нема да биде доведено во прашање, кажа денеска на прес-конференција Андреј Гинов, директор на ЈКП Водовод Битола.
„Околу „загубата“ на ЈКП Водовод Битола ќе кажам само неколку работи: -вкупните приходи за 2024 година се околу 284 милиони денари, вкупните расходи се околу 346 милиони денари, што продуцира загуба од околу 61 милион денари. Ако се земат предвид само неколку ставки на расходи и приходи ќе се види јасно зошто е тоа така. Вкупен приход од наплата на вода од правни и физички лица е околу 262 милиони денари, а од останатата реализација е околу 22 милиони денари, а додека расходите по само три основи и тоа : електрична енергија околу 43 милиони денари, сирова вода- кон „Стрежево“(заради сушата минатото лето) околу 50 милиони денари и трошоци за плати за вработените 148 милиони денари – што дава вкупен расход кога се додава и ДДВ по само три ставки е повеќе од 280 милиони денари“, рече Гинов.
Ова, според него, покажува дека целокупниот приход при висока наплата на сметки од околу 95% е близу вкупниот расход за само овие три ставки.
„Само за илустрација би кажал уште две споредби и тоа: во 2021 година во ЈКП Водовод имаше вкупно 227 вработени и трошокот за плата изнесуваше околу 107 милиони денари, а сега во 2024 год. има вкупно 205 вработени (22 вработени помалку) а трошокот за плати изнесува околу 148 милиони денари што е за 41 милион денари повеќе при значително помал број на вработени.
Во текот на 2021 година „Водовод“ влезе во непотребна инвестиција за „нова управна зграда“ за која што се потрошени повеќе од 60 милиони денари колку што изнесува сегашната загуба на ЈКП Водовод Битола“, истакна Гинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.

