Македонија
(Видео) Голем пожар на границата со Грција кај Дојран, експлодираа најмалку 4 гранати од Првата светска војна
Голем пожар на отворено избувна попладнево на границата со Грција, помеѓу Богданци и Дојран, при што експлодираа најмалку 4 гранати од Првата светска војна.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој се упати на местото на пожарот, извести дека огнот се раширил во атарот на селото Селемли, но преминува преку фронтот на Првата светска војна – линија на која има заостанато многу мински неексплодирани средства.
„Во текот на овие два часа слупшнати се четири силни екслпозии. Не е безбедно пожарникарите да се доближат до него. Пожарот е изгаснат само на еден крак, каде што беше безбедно пожарникарите да пријдат. Остатокот се гаси со ‘ертрактори’, кои ќе продолжат да дејствуваат“, рече Ангелов.
Пожарот се движи и кон грчка територија, а на едно место е префрлен во оваа држава. За случајот е известен грчкиот 112 за да бидат подготвени за гаснење од нивна страна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

