Македонија
(Видео) Градоначалникот на Конче и Трипуновски започнаа улична расправија

Благоја Илиев, градоначалникот на општина Конче од редовите на СДСМ, на својот фејсбук профил објави снимка од средба со дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, која брзо премина во расправија.
„При неговата посета на Конче, го поканив Трипуновски да ја посети и нашата општина и заеднички да поразговраме за проблемите на земјоделците, но и за неговите обвинувања кон мојата мајка. Поканата беше одбиена, но се сретнавме на улица“, се вели во објавата на Илиев во чии рамки е поставено и видеото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: Јавните прашања за Али Ахмети сè уште неодговорени!

„Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети, засрамена од поразот што ги очекува на 19 октомври, веќе се договори со анти-ЕУ и анти-НАТО партијата на Апасиев. Ова е најголемото демаскирање по 20 години ветувања за интеграција, денес тие стануваат партнери со Левица само за парче власт“, велат од „Влен“.
„Али Ахмети сè уште ѝ должи на јавноста одговори на јавните прашања: Зошто го толериравте градоначалникот на Липково да краде и да ги труе жителите со арсен? Зошто продолжувате да ги заштитувате луѓето прогласени за „нон грата“ од САД за корупција? Кога беше вашата последна средба со кој било релевантен меѓународен фактор?
Светот веќе знае кој е ДУИ. Само овие, со методите на оној што избега од правдата за корупција, мислат дека сè уште можат да ги измамат Албанците. Но, на 19 октомври, одговорот ќе биде јасен и заслужен“, соопштува „Влен“.
Македонија
Улица во Кисела Вода денес без струја

Корисниците на улицата Кумановска во општина Кисела Вода денес ќе останат без електрична енергија во периодот од 12:00 до 15:00 часот, информираат од ЕВН Македонија АД.
Прекинот е најавен поради технички зафати на дистрибутивната мрежа.
Македонија
Денес сончево и топло, од четврток промена на времето

Утрото ќе биде ведро и посвежо, а преку денот се очекува претежно сончево и топло време, со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од 6 до 14 степени, додека максималните ќе достигнат од 27 до 33.
Во Скопје ќе преовладува сончево време, со утринска температура до 12 и дневна до 33 степени, информира УХМР.
До среда ќе се задржи стабилно и топло време. Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со локални врнежи. Во петок се очекуваат и гремежи, како и умерен до засилен југоисточен ветер.
Температурите ќе бидат во постепено опаѓање, особено за време на викендот.