Македонија
(Видео) Градоначалникот на Пехчево го пријавил во полиција грозоморното убивање кучиња
По поморот на кучиња во Пехчево, а откако комуналните служби со багери ги собираа и фрлаа додека сè уште се живи, градоначалникот на општината, Драган Тренчовски, случајот го пријавил во МВР и смета дека тоа не е хуман третман кон животните. Случајот предизвика згрозеност во јавноста, а граѓаните и здруженијата за заштита на животни повикуваат на одговорност, особено по објавувањето и на снимките на кои се гледа како сè уште жив самојед е фрлен во јама пред да биде закопан.
Помор на кучиња во Пехчево, комуналните служби со багери ги собираат и фрлаат, закопуваат додека се се уште живи! Бараме најитна истрага и кривична одговорност на сите инволвирани кои стојат зад монстурозноста во Пехчево, масовното , организирано труење низ цел град , невидливо за полициските служби на градот и пред се општинската администрација на чело со градоначалникот Драган Тренчовски !„ Едното куче ми го отруја. Деца сакаа да го погалат, така приметив. Среќа што видов на време, можеа да се затрујат и децата“ ни изјави Марјанчо Димитров кој во поморот кој ги задеси животните во Пехчево ја загуби својата Лиска. Еден од многуте кои пред очи виде тетеравење кое најблиску личи до циклус силни епилептични напади и гушење во повраќаница до смрт на својот миленик.Одвратни, умоболни слики и снимки денес стигнаа до нас кои без дилема сведочат за масовно и организирано труење на животните во Пехчево. Цел град, животните, но и луѓето, а децата пред се се изложени на опасност по својот живот од отрови кои сотреа еден куп миленици и животни кои немаат дом. Ажурни се само комуналното претпријатие кое уредно поминува со багери и ги собира мртвите но и се уште живи животни – бруталност каква што до сега немаме видено, при што живите животни душата си ја испуштаа во челуштите на багерот, фрлани како натрупано ѓубре. Срам ни е што живееме тука, срам ни е што овие слики и снимки допрва ќе ги види целиот свет! Бараме итна полициска истрага, истрага на сите надлежни институции и служби и најстрога казна за организаторите – нарачателите и спроведувачите на овој чин.Доколку уште молчи градоначалникот и итно не превземе мерки во соработка со полицијата и АХВ, чинот ќе го сметаме за директна инволвираност и одговорноста кај него ќе ја бараме.ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПЕХЧЕВО МОЛЧИ ЗА ПОМОРОТ НА ЖИВОТНИТЕЗдружение за заштита на животните ПРО АНИМА Берово -РЕАКЦИЈА: „Пред повеќе од 5 месеци,поточно на ден 10.09.2018 година на официјалниот маил на Општината gradonacalnik@pehcevo.gov.mk и opstina_pehcevo@t.mk активисти од здружението ПроАнима – Берово се обратиле до Градоначалникот на општина Пехчево по повод труењата на територија на град Пехчево.Претходно,градоначаникот вети дека ќе спроведе истрага со цел откривање и санкционирање на сторителот.Се остана само празно ветување…истрага за ваквите случаи немаше,одговорноста изостана.СЛУЧАИ НА ТРУЕЊЕ НА ЖИВОТНИ ВО ПЕХЧЕВО ИМА СКОРО СЕКОЈА НЕДЕЛА.Продолжува и продолжува… Нас како Здружение не не удостои со одговор.Единствен чекор кој го превзема Општината во насока на решавање на овој проблем е дека склучи Договор со Тодор Велков,а ние кој малку ја познаваме оваа проблематика знаеме дека Тодор Велков, од досегашното искуство покажаа дека не само што не работат на решавање на проблемот,не го намалуваат,туку го дуплираат.“Би додале, и чија хуманост е длабоко компромитирана низ годините.
Gepostet von Anima Mundi – здружение за заштита на животни am Mittwoch, 20. Februar 2019
За Тренчовски ова е проблем што се провлекува низ годините, но засега нема осомничени лица за труење на кучињата скитници.
„Наша обврска е усмртените животни да ги дислоцираме и да го дезинфицираме местото, но третманот кучињата да се собираат на тој начин не е хуман. Затоа покренавме иницијатива за службите да утврдат кој е одговорен за овој чин. Исто така, случајот го пријавивме во МВР, кои сега испитуваат кој го направил масовното труење. Известена е ветеринарната станица, земени се изјави од сите инволвирани страни“, вели Тренчовски за „Макфакс“.
Градоначалникот на Пехчево вели дека пред пет месеци, кога претходно имало труење на кучиња, излегол со апел да отидат во општината и да пријават доколку знаат кој го направил тоа, се сомневаат и имаат докази против лицето. Но, досега за овој проблем никој не пријавил детали во општината или МВР.
„Јас излегов со апел, но оставено е на нивна совест дали ќе пријават доколку знаат кој стои зад труењата. Јас чувам куче и премногу добро знам што значи ова. Целосно го осудувам случајов и барам одговорност“, додава Тренчевски.
Од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ бараат итна полициска истрага и кривична одговорност од сите инволвирани кои стојат зад поморот на кучиња во Пехчево, односно масовното, организирано труење низ цел град.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

