Македонија
(Видео) Град Скопје и Управата за извршување санкции потпишаа меморандум
Со денешното потпишување меморандум Град Скопје и Управата за извршување санкции ги поставија основите на меѓусебна соработка за јакнење на казнено-поправниот систем и пробациската служба.
„Град Скопје со дел од своите јавни претпријатија и културни установи се вклучува во создавањето услови за примена на формите и механизмите за хуманизирање на казнувањето. Притоа сторителите на полесни кривични дела, за кои е пропишана казна затвор до 3 години или глоба, ќе добијат втора шанса, што ќе резултира со намалување на затворската популација. Во таа насока, по потпишувањето на овој меморандум, Управата за извршување санкции преку својата локална пробациска канцеларија ќе склучи договори со јавните претпријатија „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“, „Водовод и канализација“, „Комунална хигиена“ и „Градски паркинг“, како и Зоолошката градина. Со овие договори ќе се овозможи извршување општокорисна работа од осуденото возрасно лице во согласност со пресудата на Основниот суд“, изјави Шилегов.
Обврските на осуденото лице при извршување на општокорисната работа ќе бидат усогласени со индивидуалниот план и програма изготвени од пробациската служба. Притоа личноста и достоинството на осудените лица ќе бидат почитувани, а ќе бидат преземени и сите мерки за заштита при работа во согласност со општите прописи.
„Град Скопје ќе овозможи надзор над исполнувањето на обврските на лицата при извршување на мерката општокорисна работа од овластен пробациски службеник од локалната пробациска канцеларија и од Секторот за пробација на централно ниво при Управата за извршување санкции. Верувам дека со овој чекор Градот директно ќе им излезе во пресрет и на овие наши сограѓани во насока на целосна заштита на човековите права во согласност со меѓународните стандарди во третманот на затворениците. Секако, вршењето на општокорисната работа ќе биде од полза и во делот на зголемувањето на човечкиот потенцијал, кој секогаш е добредојден за ефикасна реализација на секојдневните активности на јавните претпријатија,“ додаде Шилегов.
Директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ, денеска рече дека овој чин е многу важен за заживување на пробациската служба во нашата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

