Македонија
(Видео) Грковска: Пред 81 година ја избравме вистинската страна како дел од антифашистичката коалиција, и денеска сме на вистинската страна
Делегација на Владата предводена од заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, која беше придружувана од заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдовски и заменик-министерот за одбрана Башким Хасани, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, положија венец свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“, на платото пред Владата , како дел од свечената програма за чествување на празникот под годинешното мото „Секогаш на вистинската страна”.
Вицепремиерката Грковска на граѓаните на Република Северна Македонија им го честиташе денешниот државен празник 11 Октомври, денот кога македонските партизани во 1941 година го означија почетокот на Народноослободителната борба и истакна дека секогаш сме на вистинската страна, почитувајќи ги слободата, човековите права и правдата.
„ Денес е голем ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Денес се поклонуваме на сите оние кои на денешен ден во 1941 година го означија почетокот на Народноослободителната борба, на сите кои се бореа за нашата слобода. Општонародната борба не познаваше никакви етнички, верски или полови разлики. Обединети, рамо до рамо сите се изборија за слободна македонска држава и го остварија сонот на сите наши предци“, порача Грковска, во својата изјава по повод одбележувањето на државниот празник 11 Октомври.
Таа нагласи дека пред 81 година ја избравме вистинската страна, станавме дел од антифашистичката коалиција и ја споделувавме и промовиравме праведната идеологија.
„ Горда сум што секогаш низ историјата сме биле мудри и сме знаеле да ја избереме вистинската опција. Така пред 81 година ја избравме вистинската страна, станавме дел антифашистичката коалиција и ја споделувавме и промовиравме праведната идеологија. Горда сум и денес на мојата држава и на моите сограѓани, што кога светот се соочува со сериозни закани по мирот, сме на вистинската страна и не отстапуваме од аманетите на нашите борци од НОВ. Денеска, повеќе од кога било, ја гледаме придобивката од тоа што станавме дел од НАТО – Алијансата. Мудрите одлуки ни овозможија денеска да бидеме дел од светскиот безбедносен систем, како посебно значајна гаранција за помалите држави. Нека ни е честит и вековит 11 Октомври – Денот на народното востание“, рече Грковска.
Венци со свежо цвеќе на споменикот „Ослободители на Скопје“ положија и претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, делегација од Сојузот на Борците од Народноослободителната антифашистичка војна, делегација на Собранието на Северна Македонија, на дипломатски кор, како и на политички партии и други општествени граѓански организации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лимани во Битола: Преку инвестиции во детската и социјалната заштита придонесуваме за подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани
Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани во рамки на денешната посета на Битола оствари средба со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, беше на увид на новите простории на детската градинка „Пчеличка“, во состав на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ – Битола и новиот Дневен центар за активно стареење и се сретна со вработените во Центарот за социјални работи, Битола.
На средбата со градоначалникот на Општина Битола се разговараше за реализираните проекти, оние кои се во тек и идни проекти согласно потребите на граѓаните од оваа општина.
Преку адаптација на простор и целосно опремување во рамки на Домот за доенчиња и мали деца во Битола, се обезбедија нови згрижувачки капацитети за деца од предучилишна возраст, објект кој денеска функционира како детска градинка „Пчеличка“ под ЈОУДГ „Мајски Цвет“, информираат од министерството.
Капацитетот на новиот простор е за околу 70 деца, а со отворањето на оваа детска градинка, се задоволува дел од потребата од згрижување на дечињата во градинките. Наскоро се очекува отворање на уште една нова детска градинка, со која значително се подобрува состојбата со листата на чекање за упис во детските градинки.
Соговорниците уште еднаш потврдија дека соработката на централната и локалната власт значително придонесува за подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани и изразија подготвеност за продлабочување на истата.
Лимани го посети и просторот каде што наскоро ќе започне со работа Дневниот центар за активно стареење, со капацитет на 20 стари лица кои на дневна основа ќе имаат можност да го посетуваат и да бидат вклучени во програмата за активно стареење, под водство на Црвениот Крст- Битола.
При посетата се потврдија заедничките заложби и грижа за нашите повозрасни граѓани и значењето од отворањето на ваквите центри.
Црвениот Крст – Битола седум години наназад е давател на услугата лична асистенција за општините Битола, Могила и Новаци. Оваа услуга е дел од лепезата услуги кои се реализираат преку трипартитни договори на Министерството за социјална политика, демографија и млади, општините и провајдерите, а во насока на приближување на социјалните услуги до граѓаните, во нивното место на живеење.
Посетата на Битола беше заокружена со посета на вработените во Центарот за социјална работа -Битола. Непосредните средби и разговори со вработените придонесуваат за подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните, како и подобрување на условите за работа и вреднување на трудот на социјалните служби. Тоа се заложбите на министерството, со кои се добиваат двојни придобивки – вложување во човечките ресурси кои ги адресираат предизвиците на граѓаните и задоволни граѓани.
Македонија
По јавниот притисок, на прославата на плоштад нема да има огномет, велат од „Зелен хуман град“
Благодарение на институционалниот притисок вршен внатре во Советот на Град Скопје од страна на нашиот советник, Марјан Калевски, како и вонинституционалниот притисок вршен со нашите јавни реакции и секако, најважното, ангажираноста на нашите сограѓани со испраќање мејлови до надлежните институции и давање поддршка за нашата иницијатива на социјалните мрежи, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека оваа година на прославата огномет нема да има, објави „Зелен хуман град“.
„Потегот на градоначалникот го сметаме за позитивен, но истовремено сметаме дека не смее една ваква клучна материја да е нечие дискреционо право. Денес овој градоначалник донел позитивна одлука, утре некој друг нема да донесе таква. А останува фактот дека огнометите и пиротехниката на хартија се дозволени со поседување лиценци и обезбедување стручни лица кои ќе ракуваат со неа. Оттука, инсистираме оваа високоризична материја да се нормира и законски да се забрани експлицитно и на отворен и на затворен простор“, велат од граѓанската ијцијатива.
Пд таму потсетуваат и на нивното барање што побрзо Собранието да усвои законски измени и да забрани огномет и каква било пиротехника и на затворено и на отворено.
„Скопската централна новогодишна прослава без огномет претставува мал но значаен чекор кон подобрување на квалитетот на животот на најранливите групи граѓани во Скопје, намалување на преголемото загадување на воздухот, како и на сите медиуми на животна средина и, се разбира, етички чекор кон тоа безгласните жители на Скопје, животните, да не доживуваат енормен стрес и потенцијална смрт за 3 минути „забава“. Секако ова не ги спречува бројните несовесни граѓани кои новогодишните празници ги доживуваат како погоден момент на своја рака да испалуваат огномет и разни пиротехнички средства и поради ова апелираме и очекуваме Министерството за внатрешни работи да е на висина на задачата, особено на дочекот на Новата година“, велат од „Зелен хуман град“.
Македонија
Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти
Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
„Откако устата им беше полна со наводни мигранти, кој ене ги чекале на граница, само што не дошле и што уште не излажаа, денес кога требаше да се дискутира во Собранието на таа непостоечка тема која тие ја отворија, тие го напуштија Собранието. Не само што избегаа од темата, како маче од куче, туку и фамозната Резолуција која ја предлагаа во јавноста и устата пена им фати од говорење дека била најдобрата, ја немаат ниту поднесено во Собрание“, рече Стојаноски.
Тој кажа дека Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која е поднесена и е на дневен ред, денес ќе биде изгласана и со тоа ќе ја затвориме измислената тема од страна на СДС за наводни мигранти во Македонија.

