Македонија
(Видео) Груби: 120-те пратеници да ги поддржат уставните измени
ДУИ ги поддржува уставните измени за интергација во ЕУ и НАТО и смета дека 120-те пратеници ги поддржуваат интергативните процеси затоа што за тоа добија мандат од граѓаните и ветија решавање на спорот за името на последните избори, изјави пратеникот од ДУИ, Артан Груби.
– 120-те пратеници треба да ги подджрат уставните амандмани. Целиот западен демократски свет е со нас во оваа битка, а пратениците сметам дека се свесни оти со гласање „за“ уставните амандмани ќе придонесат за стабилност и економски проспетиет во државата, а најважно во насока на интеграција во ЕУ и НАТО – рече Груби.
ДУИ постојано комуницира со колегите од власта и опозицијата и очекува поддршка од сите за уставните измени, додаде Груби на денешната прес-конференција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

