Македонија
(Видео) Данев: ВМРО-ДПМНЕ поднесе информација за енормно загадување на воздухот

Поради алармантната ситуација во која се наоѓа Република Македонија во однос на загадувањето на амбиентниот воздух во градовите на Република Македонија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како и што најави поднесе информација за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија. И бараме од господинот Талат Џафери истата информација да ја стави на дневен ред на утрешната седница изјави Драган Данев од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
„И поради алармантноста на ситуацијата во однос на загадувањето на воздухот истата да биде разгледана и по неа дискутирано во текот на утрешната седница. Оваа точка бараме да се стави како прва точка на дневен ред на утрешната пленарна седница.
Ова господинот Талат Џафери е обврзан според Деловникот на Собранието на Република Македонија. И тоа членот 69 став 3 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.
За ваша информација и за информација на граѓаните на Република Македонија ставот 3 од членот 69 гласи дека – „Претседателот на Собранието е должен на секоја втора редовна седница да внесе една точка по предлогот на дневниот ред за седницата на Собранието по предлог на пратениците од опозицијата која ги исполнува условите утврдени со овој Деловник“.
Оваа информација ги исполнува сите услови и ние уште еднаш го повикуваме господинот Талат Џафери во оваа седница да ја предложи како прва точка на дневниот ред на утрешната седница. Досега имаме неколку иницијативи поднесено, ниту една од овие иницијативи не е ставена како прва точка на една од седниците пленарни на Собранието. Верувам дека поради алармантноста на ситуацијата оваа точка ќе биде ставена како прва точка на утрешната пленарна седница на Собранието на Република Македонија„ истакна Данев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.