Македонија
(Видео) Димитриевски: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на неговиот директор Стоилев
Директорот на Платежната агенција, Илија Стоилев, кадар на ДПМНЕ и човек поставен од министерот Цветан Трипуновски е фатен во скандал со мито. Ова е уште една потврда дека корупцијата во земјоделието цвета, дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството била дувлно на злоупотреби на парите за земјоделците од ИПАРД програмите, истакна Александар Димитриевски, од СДСМ.
„Повеќе од година и пол низ земјоделските кругови се зборува дека се бараат провизии, се задржуваат предмети во фиоки, дека се вршат притисоци врз службеници кои одбиваат да бидат дел од тој механизам.
Сега тоа доби и конкретна потврда, директорот од ДПМНЕ е фатен со рацете во криминал.
Прашањето е дали и министерот Трипуновски е замешен во оваа корупциска шема?
Ќе поднесе ли оставка или ќе гледаме уште една фарса без одговорност?
Уште колку други случаи на земање мито и злоупотреби се прикриени во Агенцијата и Министерството“, праша тој.
Според него, овој корупциски скандал е директна закана ИПАРД програмата целосно да биде суспендирана од ЕУ.
Оценува дека доколку продолжи оваа состојба, ќе се блокираат милиони евра кои треба да завршат кај македонските земјоделци.
„Затоа мора да им целосна одговорност од првиот до последниот.
Со години се градеше транспарентен и ефикасен систем што им помагаше на земјоделците да ги искористат европските пари преку ИПАРД програмата. Македонија беше првa во регионот по искористеност на ИПАРД, вистински пример за успешна европска приказна.
Денес, по само година и пол власт на ДПМНЕ и Трипуновски избива огромен корупциски скандал. Ова е слика на Македонија под ВМРО-ДПМНЕ: држава на партиска корупција на секое ниво каде парите на земјоделците ги крадат функционерите на власт“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража кој во мометот не се здржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на Плетвар и Пресека, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.

