Македонија
(Видео) Доктор Лазов: Неспособноста на Филипче и Спасовски се плаќа со животите на граѓаните
„Во Македонија се постигна нов рекорд на на новозаболени лица од КОВИД-19 во едно деноноќие. И повторно има починати и тоа 8 лица. Филипче наместо политичка кампања работа му е да спасува животи. Имаме нов пораз и огромен број на новозаразени. Мислите на Филипче и Спасовски им се во политика и тендери, а не заштита на здравјето и животите на граѓаните“, изјави д-р Кирил Лазов од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, вкупната бројка на заболени е поголема од 9 илјади лица, а бројката починати се ближи кон 500 лица.
„Македонија повторно се врати на врвот на листите, но на врвот на листите каде има најмногу заразени на милион жители, најмногу починати на милион жители. На црната статистика не потсетија вчера и регионалните медиуми. И што јавија? Најмногу заразени лица на милион жители има Македонија или повеќе од 4 илјади лица. На второ место е Косово со 3.010 заразени на милиони жители, а Србија со 2.776. Словенија со 903 на милион жители и Хрватска 963 со најмалку заразени во однос на бројот на жители.
Македонија води во уште една црна статистика, а таа е за бројот на починати на милиони жители. Досега во земјава починале 189 луѓе на милион жители. Хрватска има најмал број на смртни случаи на милиони жители, 29. Ако вака се движат бројките среде јули, што да очекуваме есента. Има ли одговори од Филипче и Спасовски како и што понатаму, освен флоскулите „се е под контрола“, „се подготвуваме“…? Неспособноста на Филипче и Спасовски за справување со корона кризата излезе на виделина како никогаш до сега. Заборавија на здравјето на граѓаните“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

