Македонија
(Видео) Дурловски: Со ниски даноци, финансиска поддршка и продуктивни работни места ќе овозможиме економски раст
 
																								
												
												
											Конкурентните мали и средни претпријатија се двигатели на економскиот раст во Македонија и во создавањето продуктивни работни места. Оттука за подигнување на животниот стандард потребно е нивна системска поддршка, вели Игор Дурловски.
„Ќе работиме на градење на национална инфраструктура за потребите на брзорастечките и мали и средни претпријатија, како столб на идниот економски развој на земјата. Со намалувањето на даноците, борбата против сивата економија која ги руши темелите на економскиот систем ќе биде заедничка.
За младите до 29 години кои остваруваат годишни приходи до 6.000 евра, данокот ќе биде нула проценти. Финансиска поддршка ќе добијат невработени млади преку неповратни грантови и грантови со кредитирање заради отворање сопствени бизниси, како и финансиска поддршка за иновативни проекти.
Ќе ја намалиме стапката на невработеност под 10% преку креирање нови, висококвалитетни и доброплатени работни места. Силно верувам дека таквите економски политики ќе овозможат остварување на нашите стратешки приоритети и цели, повисоки стапки на економски раст и повисок животен стандард“, порача Дурловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја
 
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 (Пеглата) влез 2 (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од Новоселски Пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. (општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Леринска, лоцирани во околината на бр. 3. (општина Карпош)
Македонија
Без вода дел од Чаир
 
														Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 150 мм на раскрсница меѓу улиците Челопек и бр. 157 без вода ќе останат корисниците од улиците Челопек и бр. 157, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди
 
														Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 20 степени.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво, а во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник кон крајот на денот, најпрвин во западните делови, а во вторник и среда насекаде ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											