Контакт

Македонија

(Видео) Д-р Костов: Македонското здравство во текот на пандемијата се доведе да зависи од моментална инспирација на поединци

Објавено пред

„Оваа пандемија отвори многу јавно здравствени аспекти, а битно е да се знае дека на самиот почеток и Светската здравствена организација прилично тешко почна да се справува, стана недоследна на почетокот, а потоа конфузна бидејќи испраќаше различни и двосмислени насоки и соопштенија, за да брзо после тоа одлучи да го трансферира целиот менаџмент на пандемијата на локалните здравствени системи, односно секоја држава да си се справува како таа мисли понатаму. Е, сега кај нас тоа е во ситуација на отсуство на тој еден магичен менаџмент, се доведовме во една голема конфузно, неадекватно известување и транспарентност од страна од на институциите на здравствениот систем кон населението. И ова е една од причините за жал за една трагедија која што не снајде и оваа енормна висока стапка на смртност. Кај нас на пример немаше протоколи за лекување тоа што го зборуваме, речиси по две години тие се донесоа сега скоро. И ако претходно Комисијата за заразни болести во чија надлежност се носење на овие протоколи често пати носеше политички одлуки бидејќи тие мораа да бидат и потврдени од самата влада“, истакна доктор Миленко Костов на денешната трибина насловена „Состојбите во здравството“ организирана од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Доктор Костов потсети на дадената дозвола за одржување на свадбени веселби на затворено токму во моментите кога Делта сојот беше актуелен.

„На сметка на неажурноста или на евентуално поради некој друг мотив имавме ненавремена уплата за вакцини и со тоа го изгубивме нашиот ред за нарачка. И потоа моравме да чекаме да ни достават дали ќе биде тоа од Србија, или како случај со Бугарија да добиеме голем број на вакцини на кои што рокот им беше при крај“, рече доктор Костов.

Доктор Костов додаде дека во светот многу се вложуваше во обуки на персоналот, а кај нас ниту се имаше доволно заштитна опрема, ниту се обучуваше здравствениот персонал.

„Немавме ниту доволно простор и логистика за сместување на болните пациенти. Модуларните болници помпезно беа поставувани, а испадна дека имаат несоодветна канализација, немаат ниту греење, сега не би сакал да се навратам на трагедијата од 8-ми септември со модуларната болница во Тетово“, појасни доктор Костов.

Доктор Костов посочи дека македонското здравство во текот на пандемијата се доведе во една ситуација да зависи од моментална инспирација на поединци. Да не беше максималното и несебично залагање на сите здравствени работници ќе имаше уште поголема смртност.

„Пи-арот односно начинот на кој што се обидуваше здравствената власт да пристапи до населението беше очигледно неадекватен“, укажа доктор Костов.

„Сметам дека сите сме и попаметни и поискусни и дека протоколите се жива материја кои што цело време треба да се адаптираат во зависност од ситуациите кои што ги носи секоја варијанта на вирусот. Мислам дека иако вирусот во наредните варијанти последни кои доаѓаат се во поблага варијанта, но сепак во фаза на лекување на КОВИД-19 сепак последиците кои што ги остава можат да бидат драматични. Така да во оваа фаза треба доста внимание да се обрне на рехабилитација на пациентите кои што се пост КОВИД, дали тоа се срцеви тегоби, проблеми со периферниот нервен систем, дали имаат проблем со белите дробови, бубрези, бидејќи вирусот е хематоген и допира до секоја една клетка, до секоја една клетка во организмот“, појасни доктор Костов.

Доктор Костов укажа дека во наредната фаза треба доста внимание да се обрне на рехабилитација, и на болните кои што веќе го прележале КОВИД-19.

„Во Комисијата за заразни болести седат лекари, и на нивна совест останува каква одлука ќе донесат, дали таа ќе биде политички мотивирана или пак ќе биде медицински мотивирана“, порача доктор Костов.

Македонија

Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата

Објавено пред

Од

Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.

dobivaj vesti na viber

Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.

На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.

По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски

Објавено пред

Од

Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.

dobivaj vesti na viber

„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам.  Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Осуда стигна и од ЛДП.

„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.

Прикажи повеќе...

Македонија

Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата

Објавено пред

Од

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

dobivaj vesti na viber

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.

Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.

На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.

Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија6 часа

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија7 часа

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија9 часа

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион10 часа

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија10 часа

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија11 часа

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија11 часа

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет14 часа

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...

Европа14 часа

Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на...

Свет15 часа

Клинтонови сепак ќе сведочат за случајот со Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа15 часа

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет15 часа

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет16 часа

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија16 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија1 ден

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија1 ден

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија1 ден

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија1 ден

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија1 ден

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...