Македонија
(Видео) Единствена Македонија ја претстави стратешката платформа во Куманово:
„Единствена Македонија и коалицијата Никогаш Сеерна само Македонија“ ја продолжи кампањата во Команово.
„Некаде сме на средината од изборната кампања и можам со големо задоволство да кажам дека народот масовно ја прифаќа нашата платформа. Значи нашите стратешки определби во платформата „Битка за Македонија” народот ги препознава. Ова се десет стратешки определби со кои си ја враќаме државата назад, а потоа е многу лесно да ги решиме реалните проблеми на народот. Исто така покрај стратешката платформа предвидуваме 1066 мерки од економскиот дел, затоа народот може да биде спокоен и во таа насока.
Сега најбитно е да си ја вратиме државата. Со овие стратешки определби ги поништуваме анти-македонските договори, кој ги склучи оваа марионетска власт со Грција и Бугарија. Го поништуваме фалсификуваниот попис од 2002 година со кој албанците лажно беа прикажани дека се 25,17% и ќе спроведеме реален попис“, соопшти партијата.
„Големо е задоволството еве денеска и меѓу кумановчани ја делиме нашата платформа. Убеден сум дека веќе народот нема да погреши. Народот веќе нема право на грешка, бидејќи гледате веќе имаме две партии кои што 30 години лажат, крадат ја растураат државата. Тоа всушност не се две партии, тоа е една партија која ние ја нарекуваме „Погреб за Македонија” составена од ДПМНЕ и СДС кој што континуирано го рушат македонскиот народ.
Сега ќе видиме дали на 15 јули ќе успеат да го излажат народот ДПМНЕ и СДС. Убеден сум дека овојпат народот ги препознава нивните предавнички политики и нема да згреши на овие избори. На 15 јули ќе престанеме со националните предавства. На 15 јули ќе престанеме со наредбите од странство. На 15 јули ќе победи народот. Затоа овие избори за нас се повеќе од вообичаени избори. Овие избори се всушност референдум на кој што народот ќе одлучи, или ќе се зациментира се што е македонско или ќе победат националните и патриотски сили кои што ќе ја вратат Македонија на изворните архиреденски и атомски принципи. Главата горе Македонци ова е наша држава, ние одлучуваме! На 15 јули гласајте за „Единствена Македонија” и коалицијата „Никогаш северна, само Македонија” да си ја државата назад и да ја направиме Македонија убаво и пристојно место за живеење“, порача Бачев во своето обраќање од Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Дефокус на ВМРО преку Алфа и Жан додека се носат 10.000 „сезонски работници“
„Додека јавноста е бомбардирана со лажни и измислени афери со координирани напади преку Алфа ТВ, лажните изјави на Жан и кујните, Владата на ВМРО носи 10.000 „сезонски работници“. Дупката во Буџетот е веќе 2 милијарди евра, нема пари за плати и пензии поради криминалните тендери. Како ќе се обезбедат 6 милијарди евра кредит? Преку познатиот договор кој го објавија британските медиуми“, велат од СДСМ.
„Како ќе се сокрие тоа од јавноста? Со дефокус, измислен „рекет“, црна кампања и брутален јавен линч против претседателот на СДСМ, Венко Филипче и членовите на партијата.
Сеат магла, преку Алфа ТВ, Геро, Бетмен Велит, преку Ивона позната по врската со Латас, Наум Стоилковски, преку медиумскиот октопод Алфа–Алта, создаден од ВМРО а финансиран со пари на граѓаните на Македонија, кои се испумпуваат преку тендери.
Дефокус за пренасочување на вниманието на јавноста од вистинските економски проблеми на граѓаните и главната тема, мигранти за пари.
СДСМ ќе продолжи да ја разобличува секоја лага на кујните на ВМРО, секој дефокус и секоја злоупотреба“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

