Македонија
(Видео) Една година по крвавиот четврток во Собрание, кој е нарачателот?
Една година по крвавиот четврток во Собранието условно се осудени само 9 лица. Упадот беше организиран чин за ВМРО-ДПМНЕ да остане на власт. Маскирани лица нападнаа пратеници и новинари, со планирано сценарио за убиства. Локви крв имаше во прес-центарот на Собранието. Пратеникот Зијадин Села беше во бессознание, додека дел од пратениците беа тешко повредени, со пукнати глави.
Напаѓачите со стативи, компјутери, столови и други предмети фрлаа кон присутните, сите стравуваа за своите животи мислејќи дека нема да излезат живи. Полицијата не реагираше неколку часа, а по нападот, стотина лица барале лекарска помош во болниците. Ден по упадот беа пронајдени експлозивни направи пред прес-центарот во Собранието.
Обвинителството не откри кој е осомничен за нарачател и организатор на упадот. Помеѓу напаѓачите имаше вработени во полицијата и армијата, но и поранешни затвореници осудени за тешки кривични дела. Дел од осомничените излегоа од притвор, а останатите го чекаат почетокот на судењето. За крвавото сценарио нема почнато судска постапка. Обвинителството испитува, судот бавно реагира. Организаторите и нарачателите и по една година се на слобода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

