Македонија
(Видео) Жолт картон од студентите, пораката е дека нема компромис со студентскиот стандард
„Дали е ова 1939? Без образование, нема држава“ е главниот транспарент со кој академските граѓани маршираа од Владата до Министерството за образование, по повод Меѓународниот ден на студентите.
Со низа други испишани пораки повикувајќи на акција од надлежните и свирежи како знак на негодување од третманот кој го добиваат, тие пристигнаа до зградата на МОН, каде одржаа едноминутен молк за студентскиот стандард и им покажаа жолт картон на институциите.
Порачаа дека жолтиот картон е прва опомена и нивниот отпор ќе продолжи се додека не се исполнат нивните барања.
„Во 1939 година нацистите ги имаат нападнато студентите од универзитетот во Прага. Тоа е симболиката на самата порака: ‘Дали е ова 1939 година?’. Дали сегашните студенти ќе имаат ваков крај? Дали ова ќе значи крај на студентскиот стандард“, изјави Славчо Темелковски, претседател на студентското собрание при УКИМ.
Во организацијата на маршот, покрај „Студентски отпор“, дел беа и универзитетските студентски собранија при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип.
„Достоинството но е одземено. На грбот на студентите се прават рестрикции во однос на студентскиот оброк и стипендиите. Ако државата може да се задолжува, може да ги поттикне студентите да можеме да живееме достоинствено. Каков мотив ни давате да останеме во државата. Ајде да ги замениме нашите оброци со вашите. Нели е срамота да ги прашувате студентите каде ќе го трошат студентскиот оброк, еве ние студентите јавно бараме од вас пратениците и министрите да ни дадете извештај за вашите огромни патни трошоци и наместени тендери“, говореше Милица Давчева од движењето „Студентски отпор“.
И на овој втор марш по ред, студентите ги повторија барањата околу кои се обединети, а тоа се издвојување на пари од буџетот за подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, целосно спроведување на законот за студентски оброк и зголемување на сумата на 150 денари дневно, изедначување на стипендиите, подигнување на квалитетот на образованието и негова дигитализација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
100 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас…“, велат од МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
„Доколку ДПМНЕ добие преголема моќ ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство“, вели СДСМ
„Потребен е силен СДСМ во Собранието, да не се дозволи повторно инсталација на режим од страна на ДПМНЕ и играње со иднината, стабилноста и безбедноста на државата“, вели СДСМ.
„Доколку десничарска партија како ДПМНЕ добие преголема моќ, извесно е дека ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство.
Тоа ќе значи враќање назад повеќе од 20 години.
Поддршка за СДСМ и обединување на сите прогресивни сили во земјата е единствениот начин да се спречи повторно режим“, соопшти СДСМ.
Македонија
Пендаровски по повод Светскиот ден на слобода на медиумите: Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето
Претседателот Стево Пендаровски упати порака по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите.
„Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество.
Квалитетните, професионални и независни новинари, коишто ја сфаќаат сериозноста и тежината на креирање на јавното мислење, можат да претставуваат силен глас на јавноста.
Затоа мора да продолжиме да вложуваме во воспоставувањето стандарди со кои медиумите ќе можат слободно и независно да работат и да се развиваат. Да градиме атмосфера во која медиумските работници ќе се чувствуваат безбедно и заштитено. Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето. Само така ќе имаме моќни и силни медиуми и новинари коишто ќе бидат објективни во известувањето и ќе ѝ служат на јавноста, а не на политичките елити и на изворите на финансирање. На сите медиумски работници им го честитам Светскиот ден на слобода на медиумите“, порача претседателот Пендаровски.