Македонија
(Видео) Жугиќ: Скопје тоне во смет, луѓе умираат од Ковид-19, а Шилегов дава тендер од еден милион
Петре Шилегов молчи и се крие, откако му додели тендер од еден милион денари на партнерот на министерката Мила Царовска, за вршење услуги – снимање на зелени површини, за рана детекција за растителни болести, обвини Јелена Жугиќ, советничка во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во време кога секој ден десетици луѓе починуваат од компликации од вирусот, на Шилегов најголема грижа му се болестите на зелените површини. Истите оние зелени површини кои како градоначалник ги запостави и девастираше изминативе три и пол години. Граѓаните секојдневно се соочуваат со загуба на човечки животи, со стотици новозаразени секој ден, со поскапени режиски сметки и прехранбени продукти, а Шилегов брутално се расфрла со парите на скопјани. Граѓаните се борат со финансиската криза, не ретко една маска се носи и по неколку дена, парите не стигаат и за средства за дезинфекција и за витамини и за поздрав начин на исхрана кој помага во зајакнување на имунитетот. Градоначалникот, ‘таткото’ на скопјани, Шилегов наместо да распише тендер, да набави заштитни средства и да ги подели бесплатно на ранливите категории граѓани, тој почитувани скопјани, дава еден милион денари на партнерот на Царовска за снимање на зеленилото од дрон?!?
Скопје се гуши во смет! Парковите низ Аеродром се обраснати со трева и запуштени, Вардариште во Гази Баба е депонија речиси рамна на Дрисла, преполни контејнери во Кисела Вода и во Центар. Шилегов не знае како да ги заврши основните задолженија како прв човек во Скопје, но затоа знае точно како да ги потроши парите на граѓаните за апсолутно непотребни работи во овој момент“, истакна Жуги.
Таа додаде дека во услови на пандемија, илјадници деца сè уште немаат соодветни уреди за да ја следат наставата од дома. Според неа, Шилегов наместо да размисли како да им помогне и да пренамени средства за купување таблети или преносни компјутери, тој распишал тендер за дронско снимање на зелени површини.
Таа ја повика Државната комисија за спречување криминал да го испита случајот со тендерот за дронско снимање на Шилегов, каде добитник на истиот е партнерот на министерката Царовска.
„Одговорност мора да има. Петре Шилегов, твојата некадарност и негрижа нанесува непоправлива штета на скопјани и Скопје. Расфрлањето со нашите пари во услови на тешка пандемија никогаш нема да ти го простиме“, заклучи Жугиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

