Македонија
(Видео) Заев: Европска младина ќе се избори за европска Македонија
Европска младина значи солидарни млади луѓе кои работат заедно и остваруваат заедно, за заедничка иднина, изјави претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, во своето обраќање пред Социјалдемокртската младина за време на конференцијата за избор на претседател на СДММ.
„Нашата Македонија е на јасен пат. Време е за уште една правилна одлука. Знаете што носи членството во ЕУ и НАТО. Знаете дека носи безбедност и стабилност на државата, но и современо образование, модерни студентски домови, униевризтети, школи, носи нови инвеститори кои сакаат предвидлива клима за инвестирање, нови работи места, повисоки плати, шанси за свои бизниси, шанси за успех, шанси за живот, во родната земја“, изјави Заев и ги повика присутните да, како што рече им одржат лекција на скептичните и да покажат што значи патриотизам и како се сака Македонија, со срце.

Се интегрираме во светот со заштитен македонски јазик, со заштитен македонски идентитет, ја ставаме Македонија на светската мапа како држава со рамноправни граѓани од сите заедници, во семејството на рамноправни држави во светски рамки, изјави премиерот во своето обраќање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

