Македонија
(Видео) Заев и Шахпаска: Целосно обновени градинка и народна кујна во Шуто Оризари
Премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, во посета на народната кујна во скопската населба Шуто Оризари.
„Општинската народна кујна е пример на кој може да се угледаат и другите општини каде што живее население во социјален ризик. Особено сакам да ја истакнам улогата на волонтерите во народната кујна, готвачите и оние што им ја разнесуваат приготвената храна на своите сограѓани. Сакам да им честитам на сите општествено одговорни компании и фондации што учествуваат со свои донации народната кујна секојдневно да ја исполнува својата хумана мисија“, рече Заев.
Во рамките на посетата премиерот Заев и министерката Шахпаска направија увид и на втората фаза на изградба на детската градинка и центарот за деца од улица.
„Целосната обнова на градинката ‘8 април’ и на Центарот за деца од улица, кои беа опожарени во 2017 година е во втората фаза, откако во првата беше завршен дел од градинката, кој веќе функционира со капацитет да згрижи 150 деца. Министерството за труд и социјална политика учествува во опремување на градинката во вредност од 6,5 милиони денари, а градежните активности се реализираат со 1,5 милион долари од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград преку УНДП“, објасни премиерот.
Додаде дека во новиот објект се обезбедени услови според највисоките стандарди за енергетска ефикасност, како и стандардите за пристапност за децата со попреченост да уживаат еднаков пристап со своите врсници.
Министерката Шахпаска ја поздрави иницијативата на Општина Шуто Оризари за отворањето на народна кујна, која обезбедува оброци за лицата од социјален ризик.
„Покрај грижата за најранливите, високо на агендата на Министерството за труд и социјална политика е и грижата за најмладите. Денеска ја посетивме градинката ‘8 април’, која е еден заеднички и партнерски проект со Кралството Норвешка и УНДП. Нашата цел е да се догради и вториот дел, со кој би се опфатиле вкупно 306 деца, од кои 70 во јасли. Ова значи и овозможување на мајките да се вклучат на пазарот на трудот“, истакна Шахпаска.
Изградбата на центарот за деца од улица е планирано да заврши во мај оваа година, со што се обезбедува згрижување на 100 деца од улица на возраст од 5 до 13 години со целодневен престој под грижа на 8 стручни работници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење
Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР.
„Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 50 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 прекршоци.
При тоа изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило“, соопшти МВР.
Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Македонија
Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари
„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице, поради основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во деловен објект на улица „Бутелска“ во Скопје“, известуваат од Електродистрибуција.
„Констатирано е: противправно користење на електрична енергија преку неовластено приклучување на три нисконапонски кабли во самата трафостаница во сопственост на Електродистрибуција. Деловен објект, поранешен млин, користен за неовластено снабдување на системи со графички картички за копање биткоини“.
Електродистрибуција информира дека е поднесена пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР и дека е изготвена Фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.

