Македонија
(Видео) Заев: Националната галерија помага идните генерации да се поврзат со историјата и делата на тие што живееле пред нас
Бројот на години за кој сме собрани тука е најдобар аргумент дека делата се потрајни од луѓето, ние сме минливи, но вредностите што ги оставаме зад себе се вистинските споменици на нашето постоење. Тоа ја прави оваа национална установа дом на трајните вредности на уметноста на нашиот народ, порача премиерот Зоран Заев на одбележувањето 70 години од постоењето на Националната галерија на Македонија во Даутпашиниот амам, каде што се одржа јубилејната манифестација и изложба „Почетоци за паметење“.
На изложбата се претставени 150 листа оригинална архивска документација од 1948 до 1956 година, кои сведочат за успешната приказна поврзана со формирањето на галеријата, галериската збирка и начинот на раководење.
„Ова претставува потсетување и оддавање почит за огромниот вложен напор не само од страна на тимот што ја водел уметничката галерија туку и од страна на државните институции, кои несебично и со голема одговорност дале поддршка и придонеле Националната галерија денес да прерасне во храм на уметноста и двигател на културниот живот во Македонија“, истакна Заев.
Тој посочи дека Националната галерија на Македонија за нас претставува многу битна алка во развојот на меѓуетничкиот и мултикултурниот дијалог помеѓу разни групи и култури во нашата Република Македонија.
„Промовира посебно разбирање, а со тоа и поголема вредност на нашето колективно културно наследство будејќи дополнително е љубопитство еден за друг, за рефлексијата на нашето заедничко општество.
Дополнително, оваа и ваквите национални установи служат и им помагаат на идните генерации да се поврзат со историјата и делата на тие што живееле пред нас“, дополни премиерот.
Според него, Националната галерија нa Македонија и денес, како и пред 70 години кога е основана, е истовремено неопходна и релевантна институција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла
Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево. Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Р.С.Македонија“, стои во известувањето од ЦУК.
Македонија
ЦУК: Две странски државјанки изгубени на патот кон Дрисла – полицијата упатена на терен
Преку единствениот број за итни повици 112 добиена е информација дека две женски странски лица, кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
Оттаму велат дека ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде е побарано упатување екипа на терен.
Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот, соопшти ЦУК.
Македонија
(Фото+видео) „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“ – марш за загинатите во кочанската дискотека
Илјадници граѓани и родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје. Побараа правда и одговорност.
Маршот во организација на Здружението на граѓани „16 Март 2025“ од Кочани и иницијативата „Кој е следен“ почна во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, продолжи кон Собранието на Македонија, а заврши пред Основниот кривичен суд.
Се движеа носејќи фотографии од загинатите и транспаренти на кои пишуваше: „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“, „Моето дете беше убиено од систем кој не штити туку убива“, „Колку детски животи треба да згаснат за да се разбудите?“, „Ние изгубивме, вие се уште имате за што да се борите“…


Сопругата на пејачот Андреј од ДНК, Наталија Ѓорѓиеска, побара пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
„Истражувањето што се водеше остана нецелосно, со многу отворени прашања, без одговор и недоразјаснети околности. Ние, семејствата, останавме со сомнеж дека вистината овојпат е сокриена“, кажа Ѓорѓиеска.


Судењето за пожарот во Кочани почнува во среда. Предвидено е неделно да се одржуваат по најмалку две рочишта. Обвинителство распореди 15-мина обвинители кои ќе настапуваат во тимови. Ќе им се суди на сопствениот на дискотеката, фирмата за обезбедување, тројца градоначалници на Кочани, поранешни министри за економија и директори на Дирекцијата за заштита и спасување. Обвинети се за пожарот во Пулс каде загина 63 лица, а над 200 беа повредени.

