Македонија
(Видео) Заев на средба со кинескиот премиер Кечијанг: Постои интерес за унапредување на економската и трговска соработка
Премиерот Зоран Заев со владината делегација што ја предводеше оствари средба со претседателот на Владата на Народна Република Кина, Ли Кечијанг, и кинеската владина делегација на маргините на 8. Самит на шефови на влади од процесот за соработка на НР Кина со земјите од Централна и Источна Европа (16+1).
Премиерот Заев на средбата ја потенцираше важноста на поддршката којашто во континуитет Народна Република Кина ѝ ја пружа на Република Северна Македонија од независноста до денес и нагласи дека Република Северна Македонија продолжува да ја поддржува политиката на една Кина.
Премиерот на НР Кина, Ли Кечијанг, го поздрави решавањето на билатералниот спор со Грција и рече дека тоа е резултат на лидерството на двете земји и мудроста на граѓаните да бидат насочени кон иднината. Во таа насока кинескиот премиер Кечијанг порача дека НР Кина ги поддржува напорите на нашата земја за интеграција во Европската Унија.
Двајцата премиери изразија интерес за унапредување на трговската и економската соработка помеѓу НР Кина и Северна Македонија во областа на инфраструктура, земјоделството, енергетика, образование, култура и туризам.
Премиерот Заев нагласи дека договорот помеѓу двете влади за заедничко признавање на академски дипломи и други образовни сертификати е во финална фаза и беше нагласена заложбата дека продолжува соработката помеѓу двете земји.
На крајот од средбата со кинескиот премиер премиерот Заев изрази задоволство што Скопје е назначено за седиште на Координативниот центар за културна соработка од процесот на соработка 16+ и го информираше кинескиот премиер Кечијанг дека Скопје ќе биде домаќин на Форумот за култура во рамки на процесот 16+ 1 од 19 до 21 ноември оваа година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.