Македонија
(Видео) Заев: Новата акцелераторска лабораторија ќе отвори можности за партнерства на иновативни развојни проекти
Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со постојаната претставничка на УНДП во земјата, Нарине Сахакјан, денеска свечено го означи почетокот на работата на првата акцелераторска лабораторија на УНДП во земјата.
Новата акцелераторската лабораторија ќе отвори можности за партнерства на иновативни развојни проекти и за учење од најуспешните развојни практики во светот, рече премиерот Заев во своето обраќање пред многубројната интернационална публика.
„Како премиер сакам да потенцирам дека ова е исклучителна можност за целата бизнис-заедница, за сите микро и макрофактори да ги искористат потенцијалите и искуствата од акцелераторската лабораторија на УНДП за трансформативна промена. Истовремено, ги повикувам заедно да работиме на дизајнирање стратешки документи од лабораторијата, кои потоа сите засегнати страни ќе ги преточат во јасна и децидна имплементација за економско рестартирање на економските двигатели по постковид-периодот и за остварување на 17-те меѓусебно поврзани и амбициозни цели за развој од агендата 2030“, истакна премиерот Заев.
Владата и нејзините институции, додаде тој, се сериозно посветени на меѓународниот дијалог и на користење домашни, но и странски експерти во градењето на сите 5 економски пакети преку кои креативно го стимулираме економскиот потенцијал и притискаме за дополнителен креативен инпут во надминувањето на последиците од пандемијата на Ковид-19.
Премиерот Зоран Заев пред почетокот на состанокот имаше и билатерална средба преку интернет-конференциска врска со администраторот на УНДП во Вашингтон, САД, Ахим Штајнер, на кој се разговараше за политиките на Владата за развивањето на националната развојна стратегија за следните 20 години преку своите институции, како што е Фондот за иновации и технолошки развој, која сериозно е посветена на овие цели, како и на креирање инвестициски фонд со кој сериозно ќе се подобрат моделите на финансирање на микро и стартп-бизнисите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

