Македонија
(Видео) Заев од Ново Село: Градиме три откупно-дистрибутивни центри за земјоделски производи
„Секогаш е задоволство да се биде во струмичкиот крај, меѓу чесните и работливи граѓани од овој регион. Денеска, овде, во Ново Село, го искористивме пазарниот ден да разговараме со земјоделците, со пазарџиите, со трговците и пред нив да ја презентираме нашата понуда. Земјоделците и овде, во Ново Село, и низ целата држава знаат дека во СДСМ имаат партнер кој се грижи за нив и го цени нивниот труд“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, при посетата на Ново Село.

Според него, 480 милиони евра во последните три години насочивме кон земјоделците, преку директна или индиректна финансиска поддршка.
„Тоа ќе продолжиме да го правиме и во следниот мандат каде обезбедуваме 200 милиони евра годишно финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој. Три години вложуваме во секоја гранка од земјоделството и тоа ќе продолжиме да го правиме. Конкретно, во делот на градинарството, гранката која е најзастапена овде, во Ново Село, и Струмичко го олеснивме процесот за аплицирање за субвенции. Ја зголемивме субвенцијата за 6.000 денари за развојните производители со површина од 1 до 5 хектари. Зголемивме и исплативме дополнителни субвенции за лубеница, домат, за зелката.

Тоа е вистинска грижа, тоа е вистински партнерски однос кој го градиме со земјоделците. Но тоа е и мотив да продолжиме уште подобро, да донесеме уште повеќе за нашите земјоделци. Во новиот мандат, обезбедуваме сигурен пласман и современи услови за складирање на градинарските производи преку изградба на 3 откупно-дистрибутивни центри, еден од нив и овде, во Струмица. И во следниот мандат ќе продолжиме да им помагаме на младите земјоделци на жените од руралните средини преку постојано зголемување на неповратните средства кои ги добиваат за да се занимаваат со земјоделство. Од една страна е ова, директна и конкретна помош и поддршка кон земјоделците, од другата страна е ВМРО-ДПМНЕ со лагите, со манипулациите и понижувањето врз земјоделците. Огромна е таа разлика помеѓу нашите концепти и тоа ќе се потврди на 15 јули и овде, во Ново Село, и во Струмица и низ целата наша држава. Земјоделците ќе изберат повисоки субвенции, повисоки грантови и сигурен пласман, а по 15 јули заедно со нив ќе покажеме дека можеме и уште повеќе и уште подобро“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради врнежи од снег воведена забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка
Поради врнежи од снег од 07:45 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Претходно АМСМ информираше дека во 5.45 часот изутрина воведена е забрана за камиони и автобуси на патот село Лисец-Попова Шапка.
По целосниот прекин на патот Кичево – Гостивар предизвикан од одрон во 5.40 часот изутрината, екипа од Македонија пат ја исчисти едната сообраќајна лента и сообраќајот од 06.50 часот се одвива наизменично.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС да одговорат за поврзаноста со сопственикот на фирмата каде се запленети 30 тони дрога
„Наместо спин и манипулација, Филипче и СДС да одговорат за поврзаноста со сопственикот на фирмата во која се запленија 30 тони дрога“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека по, како што велат, обидите на Филипче и СДС да ѝ „сервираат“ информации на јавноста околу темата за канабисот, треба да дадат објаснување за фотографија со Тони Котев, сопственик на фирмата „ЦБД Медплант“, која, според ВМРО-ДПМНЕ, е поврзана со нелегална марихуана.
Во соопштението се споменуваат поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, за кои од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека стојат зад процеси поврзани со издавање лиценци за медицински канабис.
Партијата наведува дека во 2020 година имало иницијатива за легализација на марихуаната, а по неуспехот, според нив, следувало масовно издавање лиценци за медицински канабис на лица блиски до СДС. Како што се додава, струмичкиот регион станал центар на производство.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат и на измените на Правилникот за одгледување канабис од 2023 година, со кои, според нив, било дозволено одгледување и на отворено, оценувајќи дека тоа е во колизија со законските одредби и ГМП стандардите за медицинско производство.
„По големите заплени на марихуана од компании со лиценци за медицинско производство, каде во прашање се 40 тони, околу 30 тони потекнуваат од ‘ЦБД Медплант’, фирма основана во 2018 година од блиски луѓе до Заев“, се наведува во соопштението.
Од партијата прашуваат каде завршувала марихуаната што, како што тврдат, не можела да се користи како легален медицински производ и дали станува збор за лични или партиски интереси.
Воедно, од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат Јавното обвинителство да ја истражи, како што велат, целосната релација помеѓу Заев и Филипче и нивната можна вмешаност и одговорност во случајот со запленетите 30 тони марихуана, нагласувајќи дека јавноста заслужува транспарентност и еднаквост пред законот.
Македонија
СДСМ прашува кој дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони
„Кој во власта дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони, нелегално? Поминаа 15 дена и сè уште нема одговор за најголемиот нарко-скандал во регионот – како 5 тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара“, велат од СДСМ.
Од партијата посочуваат дека, како што наведуваат, „сите молчат“ и ги прозиваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како и функционерите Александар Николовски, Јохан Тарчуловски и Бојан Томовски.
Според СДСМ, соочени со, како што тврдат, сопствената одговорност, претставниците на власта започнале медиумска кампања и лицитирале со наводно запленети 100 тони марихуана, за која велат дека била нелегално произведена.
„Но, така заглавија уште подлабоко. Ако некој успеал нелегално да произведе 100 тони марихуана, тоа е уште една потврда дека вината е целосно кај Владата и институциите кои тоа го дозволиле, не го контролирале и не го спречиле“, наведуваат од партијата.
Оттаму додаваат дека за производство на 100 тони марихуана е потребна површина од над 30 хектари, што, според нив, е еднакво на повеќе од 40 фудбалски стадиони, и прашуваат кој дозволил толкава површина да се одгледува во државата и зошто не била направена ниту една теренска контрола.
СДСМ прашува и како безбедносните служби не забележале толкава количина дрога да се транспортира, складира и пакува, како и што правеле АНБ и АР. Во соопштението се поставува и прашањето како 5 тони дрога поминале преку граница, покрај системот „Сејф сити“, скенери, контроли, полиција и царина.
„Нема одговор на овие прашања затоа што одговорноста за нарко-скандалот е во врвот на власта. СДСМ нема да дозволи овој нарко-скандал да се заташка. Нема бегање од одговорноста. Сите ќе одговарате“, се наведува во соопштението.

