Македонија
(Видео) Заев по повод Велигден: Воскресението Христово дава сила и надеж за излез од сите тешки ситуации
Премиерот, Зоран Заев, синоќа заедно со своето семејство го дочека Христовото воскресение во црквата Свети Григориј Палама и Димитриј во Струмица.

Во својата честитка до верниците, Заев посочи дека Воскресението Христово ја симболизира победата на животот над смртта и дава сила и надеж за излез од сите тешки ситуации со коишто се соочуваат граѓините.
„Сакам да им го честитам најголемиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден на сите христијански верници коишто овие денови го празнуваат Велигден“, порача премиерот додавајќи дека верува оти овој празник ќе донесе мир за сите, благосостојба и меѓусебно почитување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кривична за службеник од полицијата во Велес: незаконски ја повторил постапката и вратил оружје
Полицијата поднесе кривична пријава до велешкото Обвинителство против Н. Т., вработен како самостоен референт – контролор во Отсекот за оружје, експлозиви и опасни материи при СВР Велес.
Според пријавата, Н. Т. се сомничи дека сторил кривично дело несовесно работење во службата во постапка за одземање оружје и дозвола за поседување оружје од лице за кое претходно се водела управна постапка.
Иако законскиот рок бил истечен, тој ја повторил постапката спротивно на Законот за општата управна постапка и донел решение со кое ја запрел, иако за истиот предмет Државната комисија во втор степен веќе имала донесено решение со правна поука дека лицето треба да покрене управен спор пред Управниот суд.
Со таквите дејствија, како што се наведува во пријавата, Н. Т. му овозможил на лицето да му бидат вратени одземеното оружје и дозволата за поседување оружје.
Одделот најави дека покрај кривичната пријава ќе поднесе и предлог за поведување дисциплинска постапка против Н.Т., како и задолжителна мерка — негово отстранување од работното место.
Македонија
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за јавни приходи
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, и директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова ја формализираа соработката меѓу двете институции со потпишување на Меморандум за соработка.
Со Меморандумот се предвидува зајакнување на меѓусебната координација преку навремена, директна и взаемна комуникација, размена на суштински податоци и информации, како и подготовка и реализација на заеднички проекти со цел унапредување на меѓуинституционалната соработка.
Целта на Меморандумот е да овозможи систематски и усогласен пристап во размената на податоци меѓу институциите. Во таа насока, на Управата за јавни приходи ќе ѝ бидат ставени на располагање податоците од геодетско-катастарскиот систем, како и други информации и активности од заемен интерес.
Потпишувањето на овој документ претставува континуитет и продлабочување на досегашната успешна соработка помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за јавни приходи.
Директорот Живковски изрази задоволство од потпишувањето на Меморандумот и истакна дека тој ќе придонесе за понатамошно интензивирање на соработката, преку взаемна поддршка и заедничко делување во исполнување на законските надлежности и остварување на заедничките цели на двете институции.
Македонија
Адем Чучуљ предложен за претседател на антикорупциската комисија
Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата едногласно го предложи Адем Чучуљ за претседател на Државната изборна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Предлогот треба да помине и на пленарна седница на парламентот, која, според најавите, треба да се одржи на почетокот на декември.
Адем Чучуљ е актуелен генерален секретар во ДКСК и дипломиран правник со положен правосуден испит.
Огласот за пријавување кандидати за претседател на антикорупциската комисија беше објавен летово откога досегашната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка по обвинението во случајот „Адитив“.

