Македонија
(Видео) Заев: Се разрешуваат сите претседатели на општинските организации на СДСМ
Се разрешуваат сите претседатели на општински разграноци на Социјалдемократскиот сојуз, изјави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, кој синоќа донел одлука да бидат изработени решенијата од страна на администрацијата во владејачката партија. Тој најави дека во текот на денот ќе ги потпише решенијата.
Заев им заблагодари за досегашната работа, а на сите оние претседатели на општински организации, каде што СДСМ победи на изборите, им порача да бидат повторно кандидати и да се пријават на конкурсот.
„Следуваат следните чекори во делот на промените, како ќе се носат, така ќе ги објавуваме до граѓаните и до јавноста, токму преку вас медиумите. Како што реков, во почетокот на јуни или во првата половина на јуни ќе се случуваат промените во општествениот сектор, а тоа се јавните претпријатија, министерствата, Владата и сите владини институции, а во политичкиот дел во мојата политичка партија, таму каде што јас сум директно надлежен, а тоа во изборот на претседателите на општинските организации, одлуката ја донесов, ја соопштив синоќа на координација со колегите од раководството затоа тоа што тоа е мое право“, рече Заев.
Тој појасни дека вкупно 78 претседатели на општински организации од 80 општини се разрешени и органите и телата на партијата веднаш ќе донесат одлука за почнување постапка за избор на ново раководство. Со разрешувањето на претседателите на општинските организации, вели Заев, паѓаат извршните одбори на локално ниво заради тоа што тие се формирани по предлог на претседателите на општинските организации.
„Верувам дека сето ова ќе предизвика едно возобновување на севкупниот амбиент на луѓе што се доста експонирани, тие постојат за да бидат добра алка на премостување и решавање на проблемите на граѓаните сè со конечната цел – сите да учиме од своите слабости и да бидеме уште подобри во периодот што претстои пред нас“, додаде Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права
Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права.
Во таа насока, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја презентираше Информацијата за реализираните активности, согласно известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со кое се информира за предлогот на Комисијата за избор на тројца кандидати: Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски.
„По разгледувањето, Владата ја усвои Информацијата, по што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како надлежна институција задолжена за спроведување на административните и техничките активности во постапката, ќе продолжи со обезбедување мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти при Советот на Европа, во однос на исполнувањето на пропишаните критериуми од страна на предложените кандидати“; соопштија од Владата.
По добивањето на мислењето од Меѓународниот советодавен панел, Комисијата ќе ја достави листата со тројца кандидати до Владата, по што конечната листа ќе биде проследена до Парламентарното собрание на Советот на Европа.
фото/Depositphotos
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.

