Македонија
(Видео) Запалени свеќи во спомен на 7.144 македонски Евреи, жртви на холокаустот
Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Ханука, заедно со учениците од ПОУ „Иднина“ и ПОУ „Златен Сремац“ од Скопје, кои се дел од проектот „1.000 менори“, ги запали осумте свеќи на менорите во спомен на 7.144 македонски Евреи, жртви на холокаустот.
„Сакаме да ја потврдиме нашата цврста верба дека животот на секој човек е бесценет и дека етничката и верската различност го прави животот на македонското општество побогат“, рече Пендаровски.
Тој денеска ја запали и последната свеќа на ханукијата, специјално изработен свеќник од бронза од страна на Мети Грунберг, светски познат уметник од Израел, роден во Скопје за време на војната.
Учениците и претседателот Пендаровски преку заедничка онлајн-платформа се вклучија и во глобалното одбележување на Ханука, каде што во спомен на жртвите од холокаустот запали свеќа и генералниот директор на Еврејската заедница, Исак Херцог.
„Една од важните поуки од Ханука е дека надежта победува сè. Така е и со надежта во тешките времиња. Кога мислиме дека немаме доволно, ќе бидеме изненадени од солидарната помош. Затоа, во тешки економски услови предизвикани од пандемијата на Ковид-19 ние сме благодарни за поддршката што Државата Израел им ја дава на три училишта. Ова е влог во нашите напори да создадеме праведно и инклузивно општество во кое ќе има место за секого“, додаде претседателот Пендаровски во својата порака.
На одбележувањето на овој празник на светлината денеска присуствуваа и почесниот конзул на Израел, Градимир Шумковски, претставници на здружението „Акта нон верба“, а преку видеоврска се вклучи и британската амбасадорка, Рејчел Галовеј.
Целта на проектот „1.000 менори“ е да даде поддршка на училиштата за деца со попреченост и одбележување на празникот Ханука преку сеќавање на Евреите од нашата земја, кои беа депортирани во логорот „Треблинка“.
Во проектот, кој е поддржан од Министерството за надворешни работи на Израел и нивната организација за меѓународна соработка МАШАВ, учествуваат три училишта од земјава, кои го негуваат образованието на децата со попреченост.
Минатиот четврток, на првиот ден на празникот Ханука, претседателот Пендаровски ги прими учениците од ПОУ „Маца Овчарова“ од Велес, со кои исто така заеднички ги запалија свеќите на менората. Во спомен на македонските Евреи, жртви на холокаустот, беа запалени 1.000 менори во повеќе градови во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

