Македонија
(Видео) Зафировски: Лекот против коронавирусот се струката и здравствените професионалци во градење на стратегија, а не во водење на дневна политика
Во државите во светот се зборува за опоравување од корона кризата, секаде опаѓа бројката на новодијагностицирани со Ковид-19. Но за, жал само кај нас таа расте. Само ние зборуваме за висок број на новозаразени, само ние броиме починати од корона. Само кај нас уште трае играта со полицискиот час. Македонија уште сега го живее вториот бран на коронавирусот, инаку очекуван за есенва, изјави Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Толку беше од успехот на надлежните во справување корона кризата. И сега, наместо да се повикуваат на Комисијата за заразни болести која загуби секаков кредибилитет поради тоа што потклекна на силниот политички притисок од власта, треба да се потрудат да ја стават под контрола епидемијата. Се знае и лекот за тоа, лекот се струката и здравствените професионалци во градење на стратегија, а не во водење на дневна политика.
Затоа се потребни професионалци кои ќе постапуваат само според стандардите и светските протоколи за лекување на Ковид – 19, се во името на здравјето на нашите граѓаните.
Во претстојниот период што доаѓа треба да бидеме уште повнимателни да не ни се случи и трет бран во континуитет. Да не дојдеме во ситуација да оваа игра со неколкудневен карантин трае и подолго.
Дури кога ќе се воспостави контрола на епидемијата со корона вирусот и кога ќе почне состојбата да се нормализира, тогаш ќе зборуваме за други теми.
Сега единствена цел на сите инволвирани во оваа епидемија треба и мора да биде само здравјето на граѓаните. Оние кои се покажаа некомпетентни, некадарни време е да си заминат.
А, во однос на политичарите кои толку го сакаат својот народ наместо да се мешаат во здравство или пак да собираат некои евтини политички поени. Нека се зафатат во решавање на тешката економска криза, во која што тоне цела Македонија“ истакна Зафировски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

