Македонија
(Видео) За тепачката во „Идризово“, Синдикатот ја поздрави американската амбасадорка: Затворските полицајци не се виновни
Затворските полицајци не се виновни, туку спречувале крвопролевање меѓу две групации во затворот „Идризово“, кои се степале на 31 декември, вели Гоце Делчев-Тодев, претседател на Независниот синдикат на полицијата. Некои од медиумите неколку дена известуваат за тепачката во затворот во Идризово, во која затворските полицајци употребиле прекумерна сила, па некои од затворениците завршиле со повреди. Претседателот Делчев-Тодев за тепачката во затворот јавно ѝ се обрати на американската амбасадорка, Анџела Агелер.
„Од говорницата на независните синдикати на полицијата ќе ја поздравам новата амбасадорка, која е дојдена во Македонија и која навистина можеби сака да ги решава прашањата во оваа држава. Мојот поздрав се однесува во делот на насоките што ќе ѝ ги даде Гоце на оваа амбасадорка да се подзамисли што се случува на оваа територија, на ова парче земја. Ако ви кажам две групации се степале во затворот во Идризово, при што полицајците сакале да ги одвојат двете групи, односно да дадат, во согласност со дадените насоки што ги имаат по писмен пат во затворите, помош за да не се случи крвопролевање. Затворените на некој начин, затоа што не сакале да бидат спасени, одвоени, ги нападнале полицајците. Резилот е отиден до таму, па сега полицајците и полициските службеници се виновни затоа што ги бранеле затворениците да не се направи голема штета врз нивното здравје“, рече Делчев-Тодев.
Детали за тепачката не сакаше да изнесува оти сè уште се анализираат снимките од надзорните камери, но извесно е дека тројца затворски полицајци биле директно вклучени во раздвојување на групите што се тепале иако на смена биле повеќемина. Тој ги повика надлежните институции официјално да известат за инцидентот и најави дека нема да дозволи полицајците да излезат виновни.
„Повеќето од луѓето што се инволвирани се членови на Независниот синдикат. Веќе се алармирани адвокатските тимови, работиме на сериозно расчистување на прашањето и на проблемот настанат во затворот во Идризово пред Нова година и јас ќе ги замолам и министерот за правда, и директорот за извршување санкции и директорот на самиот затвор во даден момент кога ќе имаат релевантни факти, кога ќе имаат целосно извештаи, да излезат пред јавноста за да не се шпекулира. Да не ги инволвираме вработените полицајци во затворскиот систем и да не ги изложуваме на непријатна ситуација дека тие се виновни за тепањето меѓу одредени групации во самиот затвор“, повика Делчев-Тодев.
Од Казнено-поправниот дом „Идризово“ до објавата на текстот не одговорија на прашањата од „А1он“ и „Макфакс“ за инцидентот на 31 декември. Нема пријава за настанот ниту во МВР.
„По направените проверки во организациските единици при Секторот за внатрешни работи Скопје, ве известуваме дека нема евидентирано пријава за ваков настан“, велат од МВР за „А1он“ и „Макфакс“.
Ова не е прва тепачка во македонските затвори за која јавноста дознава преку објави во дел од медиумите. За тепачката на 31 декември веќе неколку дена се споделуваат и фотографии од претепано лице, со видливи модринки по телото, со објаснување дека повредите му ги направиле затворските полицајци од „Идризово“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

