Македонија
(Видео) Зеќири: Добивме стручно и независно тело за борба против корупцијата
Со задоволство можам да соопштам дека граѓаните на Република Македонија добија нов состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, изјави потпретседателот на СДСМ и пратеник, Мухамед Зеќири, во Собранието.
„Добивме професионално, стручно, целосно независно и зајакнато тело за борба против корупцијата. Изборот на кандидатите беше направен преку најтранспарентниот процес досега. Во процесот на селекција, покрај условите за стручност, искуство и апсолутно никаква поврзаност со политички партии, кандидатите беа избрани преку јавни интервјуа, во кои, покрај комисијата за селекција, учествуваа и експерти, новинари, претставници на невладиниот сектор“, рече Зеќири.
Новиот Закон за борба против корупцијата, како што посочи, предвидува проширени надлежности на антикорупциската комисија, како и зајакнати механизми кои ќе им овозможат поефикасна работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

