Македонија
(Видео) Зибери ги повика Заев и Мицкоски на телевизиска дебата

Откако ја претстави агендата за првите 100 дена како премиер Албанец, Насер Зибери ги повика своите македонски политички противници на јавна дебата на ТВ: граѓаните заслужуваат демократска дебата за идеите и иднината на земјата.
„Сега е време да ги презентираме нашите програми, нашите идеи, нашите визии, нашите концепти пред граѓаните на Северна Македонија“, рече Зибери.
„Затоа, би сакал да ја искористам оваа можност да ги поканам двајцата мои конкуренти за премиерската функција на ТВ дуел. ТВ дуелите меѓу кандидатите за премиер се важен сегмент во демократските држави насекаде низ светот. Уште еднаш им се обраќам и на господинот Заев и на господинот Мицкоски, да ја прифатат оваа испружена рака да организираме дебата на независните и неутрални медиуми, да имаме телевизиска дебата и да ги информирате нашите граѓани за нашите погледи, визии и идеи, а со цел да им биде полесно на граѓаните да донесат одлука на денот на изборите“, продолжи Зибери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата:
1. Бутел – Оливера Ливриниќ
2. Велес – Маја Хеско
3. Гевгелија – Миле Атанасов
4. Делчево – Дејан Глинџарски
5. Демир Капија – Лазар Петров
6. Конче – Благој Илиев
7. Кратово – Влатко Спировски
8. Кривогаштани – Игор Каравиловски
9. Македонски брод – Ивица Стојковски
10. Ранковце – Даниел Крстевски
11. Старо Нагоричане – Далибор Трајковски
„СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините’“, соопштија од партијата.
Македонија
Гужва на границите: на Богородица и Табановце се чека по 40 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, информира АМСМ.
На ГП Богородица времето на чекање за влез е околу 40 минути, на ГП Дојран времето на чекање за влез е околу 20 минути, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути, додека пак на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од денеска од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од министерство за внатрешни работи. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Шукова позната како трујач на скопјани се слика кај „ОХИС“, најголемата рана на Скопје

Шукова позната како трујач на скопјани се слика кај „ОХИС“, најголемата рана на Скопје – депонија со линдан која нејзината партија СДС ја премолчуваше, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова.
„Екс-министерката Шукова позната како трујач на скопјани, кога веќе реши да позира покрај „ОХИС“, нека се потсети дека таму стои најголемата отворена рана на Скопје – депонијата со линдан, канцерогената бомба што со години го труе нашиот град, а таа и нејзината партија ја премолчуваа.
А кога веќе спомнува кафе и прошетки, нека застане и во „ТИТАН Усје“, таму каде што СДС и ДУИ, заедно со неа, имаа одлична „соработка“ во труењето на скопјани.
Токму таа ќе остане запаметена по скандалозниот предлог за увоз на отпад од цела Европа и негово согорување во Македонија.
Замислете, со европско знаменце, директно потпишано од СДС-ДУИ.
Тоа беше нивниот план за градот и за граѓаните!
Кандидатката во обид, пуштена од сопствената партија само за да изгори, денес се обидува да зборува за инфраструктура. Нека не се грижи, булеварите ќе бидат завршени и тоа експресно, но од идниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Канцерот на скопјани, СДС и нивното време завршува.
Единственото нешто што можат да поправат се сопствените редови по силниот пораз“, пишува во реакцијата.