Македонија
(Видео) Илиевска: ВМРО-ДПМНЕ ја носи надежта секаде со себе и знае како треба да се решат проблемите на граѓаните
Бевме во посета на Казандол, Грчиште, Собри, Дедели и Башибос. Народот со иста порака, вели дека се заборавени – „ставени сме некаде во фиока“ и тоа имавме можност да го слушнеме, истакна Анастасија Илиеска при теренските активности што ги организира ВМРО-ДПМНЕ.
Таа порача дека власта не дава поддршка за земјоделците, за лицата со социјални потреби, како и во инфраструктурата и образованието.
Нема поддршка ниту за земјоделците ниту за лицата со социјални потреби, нема поддршка во образованието, нема инфрастуктура, рече Илиеска.
На крајот, Илиеска порача дека ВМРО-ДПМНЕ ја носи надежта секаде со себе и знае како треба да се решат проблемите на граѓаните.
Но, пораката е јасна, надежта ВМРО-ДПМНЕ ја носи секаде со себе. Надежта за подобро утре, затоа што ВМРО-ДПМНЕ знае како треба да ги реализира и решава проблемите. Проблеми секогаш ќе има, но во 21 век луѓето треба да престанат да се занимаваат со основните потреби. Народот ги изгуби осовните работи за квалитетен живот. ВМРО-ДПМНЕ надежта ќе ја донесе, порача Илиеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Илинден и Кисела Вода
ЕВН извести дека денес без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.25 до 15.30 часот, корисниците од улиците број 10, 513, 517, 529 и 532, како и објектите на фабриката Хавеп и Агрома во село Марино. ( општина Илинден )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Томе Арсовски и ул.474.( општина Кисела Вода )
Македонија
Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре стабилизирање на времето
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови од земјата. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 2 до 6 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд во претпладневните часови и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Од петок следува стабилизирање на временската состојба. За време на викендот, а особено во првите денови од следната седмица, утрата ќе бидат ведри и студени, со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата.
Македонија
Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово
Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми затворската казна од една и пол на по три години. Истовремено е зголемена и паричната казна што треба да ја плати обвинетото правно лице – ЈЗУ Клиничка болница Тетово.
Осудените директори Фљорин Бесими и Артан Етеми се огласени за виновни за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“. Судот оцени дека изречените санкции соодветствуваат на тежината на делото и последиците.
Во пожарот во Модуларната болница во 2021 година загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти кои се лекувале од Ковид-19, и двајца роднини на хоспитализираните.

