Македонија
(Видео) Илиевски: Денеска е закопана правната држава
„Ваков чин на една дисциплинска постапка каде не се дозволи јавноста и медиумите и новинарите да бидат присутни е недопустлива. Денеска е закопана правната држава“, со овие зборови вишиот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски ја почна изјавата пред зградата каде што е сместен Државниот просветен инспекторат, по седницата на која се расправаше за негова одговорност. Постапката беше поведена бидејќи ја известил јавноста дека тројца високи функционери на ДУИ незаконски се унапредени на државниот универзитет во Тетово и добивале надоместоци за интелектуални услуги.
„Сакав јавно да проговориме за јавните функцинери, да им дадеме порака и на сите други, како што јас се одважив и јасно кажав што се случи со министерот за образование, заменик-министерот за внатрешни работи и директорот за индустриска сопственост, кои незаконски се унапредувале и добивале и парични средства за интелектуални услуги“, рече Илиевски пред новинарите.
„Најголемиот грев е што сум се јавил кај вас како телевизија, што сум ја кажувал вистината, затоа што сум пријавил до ДКСК, што сум поднел дописи до Инспекцискиот совет, кривична пријава до Основнто јавно обвинителство за директорот на Државниот просветен инспекторат и финансиска полиција, зашто сум се среќавал со францускиот амбасадор и со холандската амбасада“, кажа инспекторот, кој за 6 месеци треба да се пензионира.
Дисциплинската комисија денеска му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат, против кој Илиевски поднесе пријава, да одлучи во рок од седум дена дали ќе го прифати предлогот за дисциплинска мерка за инспекторот Ѓорѓи Илиевски.
Денешната седница се одржа зад затворени врати. Дисциплинската постапка беше закажана откако инспекторот Илиевски објави дека незаконски биле унапредени јавни функционери во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово (Арбер Адеми, Агим Нухиу, Сафет Емрули).
Постапката ја поведе Африм Саљиу, раководител на секторот за високо образование, а дисциплинската постапка за утврдување дисциплинска одговорност е испратена со потпис на директорот на ДПИ, Томе Спировски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

