Македонија
(Видео) Исмет Гури од ДУИ со лисици донесен во судот, го чекаа син му и роднина
По неколку часа поминати во полициската станица во Кисела Вода, функционерот на ДУИ, Исмет Гури, со лисици е донесен во Кривичниот суд. Тој и другите две лица, кои се осомничени за даночна проневера, беа спроведени со три полициски возила и десетина полицајци. За нив се бара притвор.
„Добро е што сте дошле вие двајца“, им рече Гури на синот и уште еден роднина, кои стоеја пред влезот на судот кога беше спроведен.
Во судот дојде и обвинителката Ивана Трајчева. Таа ја води истрагата, во која вкупно 15 лица се опфатени, а се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување, перење пари. Обвинителството рече дека се сомнева оти ако Гури остане на слобода, ќе влијае на сведоци, може да избега, да влијае на сведоци.

„Обвинителот, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги скријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ќе му предложи определување на мерката притвор за тројца осомничени, а за другите ќе предложи други мерки за обезбедување присуство во текот на постапката“, велат од Обвинителството.

Судија на претходна постапка ќе одлучи дали барањето вакви мерки е основано и ќе донесе решение дали тие треба да му бидат одредени на Гури и на другите осомничени. За некои од осомничените, меѓу кои е и синот на Гури, се бараат само мерки на претпазливост, односно одземање патна исправа и повремено пријавување во судот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

