Македонија
(Видео) Каевски: Бараме одговорност за незаконските постапки на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски
Објавувањето на скандалот со незаконското постапување на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски, повикува на институционална реакција и одговорност. Бараме од сите надлежни институции, вклучително и ДКСК, но и Јавното обвинителство, да поведат соодветни законски процедури за да утврдат одговорност за овој случај, изјави на денешната прес-конференција Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.
Каевски изјави дека в.д. директорот на јавното претпријатие, Добри Петров, по налог на градоначалникот, незаконски бил назначен за ревизор. Иако не ги исполнувал условите, немал положен ревизорски испит, немал ниту лиценца ниту сертификат.
Каевски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е локална власт во најголем дел од општините во земјата. Јавноста гледа дека не работат ништо, посветени се само на удомување партиски војници.
Со општините владеат како шерифи, без почитување на законите, како што правеа и за време на режимот.
Од СДСМ очекуваат од институциите расчистување на овој случај во целост и соодветна одговорност од сите инволвирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

