Македонија
(Видео) Каевски: Во ВМРО-ДПМНЕ самите се фатија со рацете во медот, Мицкоски да не се крие
Осум дена трае молкот на Христијан Мицкоски за неговата улога во спорниот тендер од 136 милиони евра. Со денови слушаме меѓусебни обвинувања во ВМРО-ДПМНЕ за криминал, за раце во медот, и тоа за тендер тежок 136 милиони евра. Надлежните институции веќе постапуваат по допрен глас и го истажуваат целиот случај. Заклучокот е едноставен, во ВМРО-ДПМНЕ криминалната матрица не се менува, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
Каевски додаде дека последните случувања само потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски не само што не е реформирана партија туку е и дополнително криминализирана. Граѓаните знаат дека Златко Перински е поранешен шеф на кабинеот на Мицкоски пред да стане директор на „Водовод“.
Данела Арсовска, пак, беше кандидатка што Мицкоски ја промовира, ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа, ѝ ги собра потписите, заедно се шетаа на митинзи и бараа поддршка од скопјани на изборите. Токму Мицкоски ја пречека Арсовска пред белата палата со зурли и тапани.
Мицкоски самиот се прогласи за шпицен градоначалник најавувајќи проект за 100 електрични автобуси во Скопје од партиска говорница. И сето тоа само за да контролира бизниси, тендери и влијанија, само да ја задржи својата фотелја во белиот дворец. Тоа е Мицкоски, секогаш ги гледал личните и интересите на одредени бизнис-групи во ВМРО-ДПМНЕ отколку интересите на граѓаните и државата, истакна Каевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

