Македонија
(Видео) Каевски: Дали поврзаноста меѓу Мицкоски и компанијата на Груевски е причина за молкот за црната листа на САД?
Дали поврзаноста меѓу Мицкоски и компанијата на Груевски е причина за молкот за црната листа на САД? Ова прашање на прес-конференција го постави пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ со денови не се изјаснува за тоа што нивниот почесен претседател Никола Груевски се нашол на црната листа на САД.
„Никако да се извинат, никако да побараат одговорност, никако да понудат оставки. Покрај вмешаноста во значителна корупција и криминал, новина е наведената фирма на Никола Груевски, регистрирана во Република Унгарија. Дали токму оваа фирма на Груевски е причината за молкот на Мицкоски? Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаеле за оваа фирма? Мицкоски треба да излезе во јавноста и да каже која е поврзаноста со фирмата за која медиумите објавија дека седиштето ѝ се наоѓа во мало населено место во близина на Будимпешта? Дали и самиот тој стравува дека може да се најде на црната листа на САД, па затоа со молчење се обидува да го одбрани својот шеф?“, праша Каевски.
Портпаролот на СДСМ побара од Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори на прашањата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

