Македонија
(Видео) Каевски: Над 1.2 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ троши за партиски вработувања во 5 општини
Додека СДСМ преку Владата којашто ја предводи презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните и одговорно штеди, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ расипнички се однесуваат со парите на граѓаните. Во време на голема криза, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, бараат пари од Владата, а безмилосно ги трошат општинските пари само на партиски вработувања, изјави на денешната прес-конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
Тој додаде дека само пет скопски градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, односно градоначалниците на Скопје, Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Гази Баба ќе потрошат над 1,2 милиони евра за вдомување партиски кадри. Во Скопје 670 илјади евра, во Бутел 200 илјади евра, во Ѓорче 133 илјади евра, во Карпош 75 илјади евра, во Гази Баба 160 илјади евра среде криза.
Каевски додаде дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, таа останува партија симбол на криминал и расипништво, партија која не може да донесе ништо добро ниту за граѓаните, ниту за општините.
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги пренаменат овие 1,2 милиони евра наместо за партиски вработувања да се насочат за потребните на граѓаните, изјави Каевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

