Македонија
(Видео) Каевски: Ниту еден обид за блокада на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги закочи реформите во образованието
Откако им се случи фијаско на партиските протести, откако им пропадна нелегитимниот обид за собирање потписи, од ВМРО-ДПМНЕ повторно најавуваат нови обиди за референдум и блокада на реформите во образованието и дигитализација на наставниот проце, изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.
Тој оценува дека правото на поднесување иницијатива за референдум е легитимно и уставно загарантирано, но ова, како што рече, е уште еден апсурден обид да се блокира реформа која е значајна за целокупниот образовен процес.
„Новиот закон за учебници и други наставни и дидактички материјали е целосно во согласност со европските практики, но и со времето и ерата на ИТ-технологијата во која младите живеат“, напоменува Каевски.
Доадава дека со законското решение со кое се воведува етапна дигитализација на наставниот процес, ќе се обезбеди поголема интерактивност, намалување на учењето во домашни услови, а ќе се воведе и инклузивност имајќи предвид дека учебниците ќе бидат достапни и во аудиоформат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид.
„Истовремено, ниту еден ученик нема да остане без печатен учебник, кој ќе може да го добие доколку има потреба од него. Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ го уништуваше образованието, ги манипулира наставниците и професорите, а нашите ученици беа со најслаби резултати на меѓународните тестирања. Денес, кога се воведува нов, модерен и европски концепт на настава, ВМРО-ДПМНЕ блокира, протестира, се затскрива зад наводни граѓански иницијативи со цел реформите во образованието да не бидат донесени“, вели пратеникот од СДСМ.
Според него, таквиот пристап е на директна штета на наставниците, на учениците и на нивните родители, на штета на образованието во нашата држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

