Македонија
(Видео) Каевски: Признанијата за „Титаник“ ги потврдија криминалот и изборните измами на ВМРО-ДПМНЕ
Денеска се потврди целата вистина за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ преку признанија на некогашни високи функционери од оваа партија. Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска и Мартин Протоѓер признаа вина по обвиненијата во судскиот предмет „Титаник“. Денешното признание е потврда за целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ, за сите изборни измами на режимот предводен од Никола Груевски, изјави Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.
„Злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на пари. Ова е показател како ВМРО-ДПМНЕ со години ја фалсификувало изборната волја и како биле злоупотребени парите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е злостронучко здружение!
Затоа во време на ВМРО-ДПМНЕ немаше пари за народот, затоа минималната плата беше на половина од сега, само 8.800 денари, затоа платите беа мизерни, а граѓаните едвај преживуваа. Ова е причината и зошто ВМРО-ДПМНЕ овие денови отвораат теми што немаат врска со реалноста. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат образ да зборуваат ниту за плати ниту за пензии“, рече Каевски.
Тој истакна дека тие треба да се извинат и да ги вратат парите назад кај граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала.
„Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело.
Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините“, соопшти Обвинителството.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

