Македонија
(Видео) Каевски: Со комбиниран модел на попис ќе ги добиеме сите релевантни податоци
За да ги добиеме сите релевантни податоци, потребен е комбиниран модел на попис, истакна пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.
„Преку вкрстување на податоците што ќе се добиваат од електронските прашалници на терен со податоците од базите што веќе постојат во државата, ќе се добие целосен преглед за податоците што се неопходни, но не се опфатени со електронските бази“, рече Каевски.
Наспроти барањето на опозицијата, Каевски го повтори партискиот став дека само електронски попис не е доволен за да се добијат комплетни податоци какви што се потребни според Евростат и меѓународните стандарди.
„ВМРО-ДПМНЕ, партијата што денеска бара да спроведеме само електронски попис, во 2019 година силно се противеше кога се носеше воведуваше Централниот регистар на населението. Тогаш аргументите им беа дека тоа ќе било замена за попис, дека преку него ќе се спроведувал електронски попис, а денес токму оваа партија бара само електронски попис“, рече Каевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изгубени странски туристи безбедно извлечени преку езерото „Матка“
Вчера, на крајот од денот, по стемнувањето, на 112 во ЦУК е добиена пријава од странски државјани (турски), туристи, кои се наоѓале спроти ресторан „Кањон Матка“, на другата страна од езерото, односно акумулацијата „Матка“ и истите информирале дека се изгубиле и не можат во мракот да се движат, па побарале помош да преминат од спротивната страна каде што се наоѓа ресторанот и пешачката патека.
За таа цел било потребно пловно превозно средство (кајче, чамец). Регионалниот ЦУК Скопје координираше со институциите од Системот за управување со кризи и информираше дека дека за ова веднаш биле известени ПС Сарај и Општина Сарај и според повратните информации за околу еден час странските државјани биле извлечени од местото каде што се наоѓале и потоа безбедно биле префрлени преку езерото, односно акумулацијата „Матка“, извести ЦУК.
Скопје
ЦУК: Ќе се одглавуваат автомобилите кои заглавија на патот меѓу Горно Нерези и Средно Водно
Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје известува дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не е безбеден за движење со моторни возило и апелирале истиот да не се користи поради голомразица.
Вчера на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот. По пренесувањето на пријавите од ЦУК до надлежните, е добиено известување од ЈП Македонијапат дека овој пат е од 4-та категорија на приоритет и дека вчера немале слободни машини за интервенција, бидејќи истите биле на расчистување на патот Кичево-Охрид и на Попова Шапка и дека денеска околу 10 часот ќе испратат машина за да се интервенира, извести ЦУК.
Македонија
Претпладне студено со магла, преку денот променливо облачно
Утрото ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје претпладне студено со појава на магла, преку денот променливо со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Времето во наредните денови
Ќе преовладува променливо облачно време со појава на утринска магла понекаде во котлините. Утринските температури ќе бидат претежно околу нулата, а дневните во делови од земјата ќе надминуваат 10 степени. Локални врнежи од дожд, а на планините од снег ќе има во вторник, а потоа се очекуваат и на крајот од неделата.