Македонија
(Видео) Калеска-Ванчева: Сите пратеници да го поддржат Законот за спречување и заштита од дискриминација
Пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска -Ванчева, побара сите пратеници да го поддржат Законот за спречување и заштита од дискриминација кој влегува во собраниска процедура. Според неа, ова законско решение ќе обезбеди ефикасна регулатива која воведува принципи на еднаквост и ефикасна заштитата од секаков вид дискриминација.
„Новиот zакон е целосно усогласен со правото на ЕУ и меѓународните стандарди и за него е добиено позитивно мислење од Венециската комисија, како и од сите граѓански организации кои работат во оваа област. Со него се прошируваат основите, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација. Преку новиот zакон се зајакнува и капацитетот на Комисија за спречување и заштита од дискриминација, а нејзините надлежности се прошируваат во насока на превенција“, изјави Калеска -Ванчева.
Според неа, критериумите за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација гарантираат дека во ова тело ќе бидат поставени професионалци, на кои основната грижа ќе им биде заштитата на граѓаните.
„Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација е важно законско решение кое во интерес на граѓаните, на иднината на нашата држава, но и на целокупното општество. Затоа, ги повикуваме пратениците од сите политички партии во Собранието да застанат зад овој предлог, да добиеме ново ефикасно законско решенија, кое ќе обезбеди целосна заштита од секаков вид на дискриминација“, рече Калеска-Ванчева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

