Македонија
(Видео) Катастрофалната состојба на улица зад „Тутунски комбинат“, проблем за жителите на Кисела Вода
Граѓаните на општина Кисела Вода се соочуваат со низа проблеми поврзани со дел од инфраструктурата во оваа општина. Особен проблем за луѓето кои живеат и работат во делот зад зградата на „Тутунски комбинат“ претставува лошата состојба на улицата Улоф Палме, каде што има потреба од итно асфалтирање.
Дупките на улицата претставуваат проблем за возачите кои возејќи по неа ризикуваат да ги оштетат своите автомобили. Надеж за граѓаните беше изградбата на една од најмодерните згради на „Адора“, која го носи името „Флет ајрон“, но ситуацијата не се подобри бидејќи инвеститорот вложи во инфраструктура единствено околу зградата.
Проблемот е особено евидентен при лоши временски услови, како обилни врнежи од дожд, кога по должина на улицата се прават огромни вирови. Во отсуство на интервенција од Општината, граѓаните се принудени самите да се снаоѓаат.
Овој дел од Кисела Вода не ги засега единствено жителите, бидејќи има десетици фирми каде што често доаѓаат и странски амбасадори, кои се зачудени од лошата состојба на улицата. Дополнително пределот околу пругата зад амбулантата „Пролет“ е и транзит меѓу Аеродром и Кисела Вода. Во услови кога нема пробиено пат што би ги поврзал овие две големи скопски населби, пешачката патека е единствениот „мост“ преку кој дневно минуваат стотици луѓе.
Жителите и граѓаните кои се движат во овој дел од општина Кисела Вода се надеваат дека набрзо ќе се санираат овие проблеми, а дотогаш се принудени самите да преземаат мерки, како што е самостојно тампонирање на патот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.





