Македонија
(Видео) Коалиција Села – Гаши: Ќе го победиме Ахмети, ние стоиме на зборот за разлика од ДУИ
Под мотото „Држава за сите“, Алијанса за Албанците на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши ќе настапат заедно на изборите, откако денеска и официјално го потпишаа договорот за коалиција. Како што најавија, очекуваат оваа коалиција да победи на изборите и да влезе во власта по изборите. Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, рече дека се сигурни дека разочараните гласачи на ДУИ ќе ја изберат оваа опција, бидејќи, како што кажа, од Ахмети не може да очекуваат ништо друго освен нова борба за министерски фотелји.
„Али Ахмети и граѓаните не треба да се плашат од победата на нашата коалиција, туку напротив треба да се радуваат. Гласачите добро знаат кои сме ние, знаат дека секогаш сме стоеле на дадениот збор, за разлика од ДУИ. Нашата победа ќе значи правда, рамноправност и достоинствен живот за сите, а ДУИ ќе ги извадиме од фиоките каде што се имаат поставено со години, по министерствата и владата. Ахмети не беше достоен да биде дел ниту од избирањето на претседателот на Собранието, тој наместо да остане да гласа, избега. Неговите ветувања за јазикот, за Албанец претседател на Собранието се стари уште од 2014 кога беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Ветуваше прво двојазичност, па Албанец претседател , па ЕУ и НАТО и на крај од сите тие ветувања ништо, освен што се изборија да влезот по министерства и да освојат повеќе ресори. Гласачите ќе дојдат кај нас затоа што даваме конкретна понуда и реални проекти“, порача Села, лидерот на Алијанса за Албанците.
Неговиот коалициски партнер Гаши рече дека анкетите за рејтинзите биле на страната на опозициските коалиционери, што, според него, било доволно за освојување на власта. Гаши не сакаше да каже колку пратеници точно очекуваат, но додаде дека очекуваат добар дел од незадоволните Албанци да им ја дадат поддршката.
„Ако сакате математиката, еве ќе се обидеме просто да пресметаме. 250.000 гласови има албанскиот политички блок, по последните избори од 2016, 70 до 80 гласови отидоа на контото на ДУИ, остануваат 170.000 гласачи ако не ги сметаме нивните. Значи, ако освоиме добар дел од оваа бројка, ќе биде повеќе од доволно да се сметаме за победници на овие избори“, додаде Африм Гаши, претседател на Алтернатива.
Што се однесува до предизборна коалиција со македонските партии, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, рече дека сè додека во Македонија има етничка дискриминација нема услови за таква коалиција.
„Сè додека во Македонија немаме држава за сите, сè додека институции од ЕУ кажуваат дека постои дискриминација од етнички план во Македонија, мислам дека уште не се создадени услови за да имаме такви предизборни коалиции“, додаде Села.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи
Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата во партијата.
„Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија.
Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа.
Благодарност до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој несебично и целосно беше посветен на организацијата.
Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, напиша Ковачки.
Македонија
Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски
Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
„Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, што претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата“, посочи Мицкоски.
Овие одлуки, како што рече, се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.
„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.
Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството“.
Најави дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а веќе во мај месец а најдоцна до јуни, ќе има и рекострукција на дел од ресорите во рамките на владиниот кабинет, а можеби, како што рече и во некои институции.
Досега, информира тој, не е направена таква анализа но во периодот кој следи, истата ќе биде направена.
Соопшти дека за нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки.
Членови на Извршниот комитет се: Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.
Огранизационен секретар е Ивица Томовски, а за шеф на кабинетот на Мицкоски продолжува да биде Владимир Неловски.
„Во услови кога имаме опозицијата која не нуди решенија и која е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО- ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.

